Побарано враќање на имотите на хрватските Евреи

22/11/2005

Хрватска презема чекори за решавање на горливиот проблем за компензација на протераните Евреи чиј имот им беше одземен од страна на усташите и комунистичкиот режим во текот на минатиот век.

Од Кристина Чук за Southeast European Times во Загреб -- 22/11/05

photo

Хрватската министерка за правда, Весна Шкаре-Озболт, рече дека враќањето на имотот мора да се изврши без оглед на надежите на Хрватска за членство во ЕУ. [Getty Images]

Протераните хрватски Евреи кои го загубија својот имот во текот на двата последователни режими би можеле да добијат надоместок, бидејќи Загреб работи на решавањето на овој долготраен проблем. Вкупната сума на компензацијата би можела да достигне 20 милиони евра.

Во октомври специјалниот амбасадор на американскиот Стејт департмент за прашањата на холокаустот, Едвард Б. О Донел, беше во Загреб на консултации. Тој рече дека Вашингтон е подготвен да преговара за билатерален договор со кој американските граѓани ќе бидат опфатени со хрватскиот Закон за враќање на имотот од 1996 година.

Во 1941 година усташкиот режим во Хрватска - марионетски режим на нацистичка Германија - им нареди на хрватските Евреи да го пријават својот имот, вклучувајќи ги куќите, становите, банковните сметки и лични вредности, како на пример накитот. Имотот, потоа, им беше одземен и, во многу случаи, му беше даден на поранешното германско малцинство во Хрватска, познато како „фолкдојчери“.

По крајот на војната имотот беше национализиран од страна на комунистичката влада.

Поврзани написи

Loading

Додека Хрватска се движи напред кон членството во ЕУ, се зголемува притисокот врз земјата за решавање на отворените прашања на компензацијата со голем број членки на блокот, меѓу кои и Италија, Германија, Словенија, Унгарија, Чешка и Словачка. Загреб веќе спроведе преговори со Австрија во врска со компензацијата на „фолкдојчерите“ кои беа избркани од Хрватска во 1945 година. Тоа, пак, фрли светлина врз проблемот на компензацијата на Евреите, бидејќи протераните Германци го изгубија имотот што првично им припаѓаше на хрватските Евреи.

Според историчарот од Загреб Иво Голдштајн бројот на Евреите кои бараат надоместок не би требало да е многу голем. Но, процесот, додаде тој, треба да се врати назад во 1941 година, кога беа запленети првите имоти.

Ако хрватската влада го прифати барањето, таа ќе мора да го врати имотот во вид на недвижен имот или да обезбеди финансиско обештетување. Една голема пречка е фактот што на голем дел од тој имот се изградени згради, куќи, има шуми и земјоделски комплекси или, пак, канцеларии. Украинската амбасада, на пример, наводно, му припаѓа на протерано еврејско семејство во Аргентина.

Хрватската министерка за правда, Весна Шкаре-Озболт вели дека враќањето на имотот мора да се изврши без оглед на надежите на Хрватска за членство во ЕУ. Тоа е проблем кој трае повеќе од половина век, рече таа, и не може вечно да се избегнува, дури и ако неговото решавање претставува комплицирана работа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар