16/11/2005
Неуспевајќи да пронајде купувач за „Олимпик ерлајнс“ Грција во вторникот објави дека планира во април да отвори нова авиокомпанија која ќе го замени овој национален превозник - загубар.
(АП, Ројтерс, Ксинхуа, Атинска новинска агенција, Хеленик радио, Катимерини – 15/11/05)
![]() „Олимпик ерлајнс“, најверојатно, ќе биде повторено отворена следниот април и ќе го носи истото лого и ќе има слично име. [AФП] |
Грција во вторникот (15-ти ноември) објави дека ќе формира нова авиокомпанија следната година, на местото на „Олимпик ерлајнс“. Ова известување уследи по последниот неуспешен обид на властите да пронајдат купувач за економски ослабнатиот националниот превозник на земјата.
„И покрај нашите сериозни напори, повеќе не е можно да се продолжи со овие приватизациони напори ... Ние веднаш ќе пристапиме кон алтернативното решение“, рече министерот за транспорт, Михалис Лиапис, по состанокот на владата. „Во парламентот во текот на следните неколку дена ќе биде претставен нацрт-законот за формирање од страна на државата на нова авиокомпанија ... приватните инвеститори ќе ги контролираат мнозинските (акции) и ќе бидат надлежни за нејзиниот менаџмент.“
Овој чекор следеше по одлуката на Европската комисија (ЕК) на 14-ти септември, со кој „Олимпик ерлајнс“ се обврзува да ги врати 540-те милиони евра во вид на нелегална државна помош. Субвенцијата му даде на овој авиопревозник нефер предност во однос на конкурентите, рече комисијата, која й даде на Грција рок од два месеци за да одлучи кои мерки ќе ги преземе со цел да ја испочитува одлуката. Грција ќе се соочи со дневни парични казни во случај да не преземе активности, предупреди европскиот комесар за транспорт, Жак Баро.
„Олимпиј ерлајнс“ беше формирана на крајот од 2003 година како наследник на „Олимпик ервејс“, која беше основана од страна на бродскиот магнат Аристотел Оназис во 1957 година.
Во рамките на своите најнови напори за приватизација на ова претпријатие-загубар, Грција преговараше со конзорциумот кој го сочинуваат грчкото претпријатие за инвестиции „Олимпик инвесторс“ и американскиот инвестиционен фонд „Јорк капитал“. Во вторникот сé уште не се знаеше дали конзорциумот ќе биде вклучен во новото претпријатие по очигледното фијаско на тендерот.
Грција, според Лиапис, ќе ја задржи инвестиционата банка „Лазард“ како свој советник во формирањето на наследникот на „Олимпик ерлајнс“, кој ќе го носи истото лого и ќе има слично име кога ќе започне со работа следниот април. Авиокомпанијата моментно има летови до 75 домашни и меѓународни дестинации и превезе околу 5 милиони патници во 2004 година.
Локалните медиуми објавија дека околу половина од вкупниот персонал на „Олимпик ерлајнс“ и придружните државни претпријатија од вкупно 6.000 лица ќе ги загубат своите работни места, а флотата од 40 авиони ќе биде намалена на околу 25 до 30.
„Владата вети дека ќе обезбеди вработување за сите вработени кои нема да бидат вклучени во новото претпријатие“, рече Лиапис.
Во септември одлуката на ЕК предизвика стравувања помеѓу вработените во „Олимпик ерлајнс“ дека владата би можела да одлучи да го затвори претпријатието. Затоа, синдикатот на авиокомпанијата претпазливо ја поздрави одлуката од вторникот.
„Владата конечно се вразуми ... но, останува да се види дали ова решение е остварливо“, АП го цитираше Јанис Калианос, шефот на синдикатот на инженерите на „Олимпик ерлајнс“.
Според некои извештаи претходните неуспешни обиди за приватизација на авиокомпанијата чинеа 2,5 милијарди евра, додека загубите од работењето во текот на изминатите неколку години достигнаа една милијарда евра.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's