Партиските водачи од БиХ ќе разговараат за уставните измени

14/11/2005

Водечките политичари од Босна и Херцеговина се состанаа во Брисел на разговори во врска со трансформирањето на поранешната југословенска република во модерна, централнораководена парламентарна демократија.

(Гардијан, OHR Media Morning Brief - 11/11/05; АФП, Ireland.com, Њусвик, Вашингтон фајл, ФЕНА, Гардијан - 10/11/05)

photo

„Народот во Босна и Херцеговина веќе ја препозна потребата од реформа, како услов за пристапување во НАТО и во ЕУ“, рече американскиот државен потсекретар за политички прашања, Николас Барнс. [AФП]

Водачите на осумте најголеми владејачки и опозициски партии во Босна и Херцеговина (БиХ) започнаа разговори во Брисел во врска со уставните измени, кои имаат за цел трансформирање на нивната земја во модерна, централнораководена парламентарна демократија. Досега учесниците, наводно, се согласиле само дека задачата пред нив е тешка. Сепак, Американскиот институт за мир - кој го подготви нацрт-уставот што треба да се користи како основа за преговорите - и понатаму искажува оптимизам.

На состанокот присуствуваат претседателите на Партијата за демократска акција, Српската демократска партија, Хрватската демократска заедница на БиХ, Сојузот на независните социјалдемократи, Социјалдемократската партија на БиХ, Партијата за демократски напредок, Партијата за Босна и Херцеговина и Хрватската национална унија.

Ако се постигне договор новиот устав на БиХ ќе биде потпишан во Вашингтон подоцна овој месец, кога американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ќе биде домаќин на високата босанска делегација на дводневната комеморација по повод десетгодишнината од Дејтонскиот мировен договор (ДМД).

Договорот беше потпишан во Дејтон, Охајо, на 21-ви ноември 1995 година од страна на поранешните претседатели на Босна, Хрватска и Југославија - Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ. Истиот беше официјално потпишан во Париз на 14-ти декември истата година.

„Дејтонскиот договор никогаш не беше замислен како нешто непроменливо“, рече американскиот државен потсекретар за политички прашања, Николас Барнс, во вторникот (8-ми ноември) за време на говорот пред Комитетот за надворешни односи на американскиот сенат. „Народот во Босна и Херцеговина веќе ја препозна потребата од реформа, како услов за пристапување во НАТО и во ЕУ.“

Многумина, вклучувајќи го и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Педи Ешдаун, веруваат дека ДМД послужи за остварување на главните цели - прекин на борбите, почеток на обновата на инфраструктурата во земјата и спроведување на демократски избори - и сега е време истиот да биде модернизиран и коригиран од некои свои недостатоци.

Поврзани написи

Loading

БиХ го има еден од најгломазните владини системи во светот - секој од нејзините два ентитета, Република Српска и Федерацијата на БиХ, имаат свој сопствен парламент и влада. Покрај тоа, постои и национален парламент, трипартитно Претседателство и влада и премиер на БиХ.

„Не е невообичаено државите да имаат одреден степен на вградена нефункционалност во нив во врска со справувањето со етничките, културните и политичките мешавини“, рече Ешдаун во интервјуто за весникот Њусвик, објавен во четвртокот, во кој се наведуваат Белгија и Швајцарија како примери. „Но, ниту една држава не може да преживее таму каде што 70 отсто од нејзините даноци се трошат на владата, а само 30 отсто на граѓаните.“

Предложениот устав - подготвен по неколкумесечните консултации со политичарите од БиХ - ќе ја претвори земјата во интегрирана, неетничка парламентарна демокартија. Националниот парламент и централната влада и кабинетот ќе имаат законодавна, односно извршна власт.

„Овој нацрт-устав ќе значи тотална трансформација на оваа земја“, Гардијан цитираше висок официјален претставник од канцеларијата на Ешдаун. „Тоа е нешто многу амбициозно.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар