Албанија презема мерки против имотот на терористите

24/10/2005

По десетмесечно одложување албанските власти го запленија имотот во центарот на Тирана, кој беше користен за финансиските активности на терористичката мрежа на Ал каеда.

Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана – 24/10/05

photo

Властите на 18-ти октомври ги презедоа просториите во „Кулите близначки“ во Тирана, сопственост на Јасин ал-Кади, саудиски бизнисмен во бегство. [Гент Шкулаку]

Албанските власти во вторникот (18-ти октомври) ги презедоа деловните простории во таканаречените „Кули близначки“, во центарот на Тирана. Во 2004 година владата потврди дека оваа локација била користена за финансиските активности на терористичката мрежа на Ал каеда.

Преземените простории се сопственост на бизнисменот од Саудиска Арабија, Јасин Кади, кој беше прогласен за специјален глобален терорист од страна на американското Министерство за финансии во октомври 2001 година.

Кади поседуваше 18 отсто од акциите во двете згради, кои се наоѓаат наспроти кабинетот на албанскиот премиер.

„Процедурите на одземање на имотот се засноваат на одлуката на Министерскиот совет од 3-ти декември 2004 година, во рамките на мерките за спречување на терористичкото финансирање. И покрај тоа што поминаа десет месеци од донесувањето на одлуката, истата досега не беше спроведена“, се вели во известувањето за медиумите на Министерството за финансии.

Според министерството, просториите нема да бидат продадени туку ќе бидат менаџирани од страна на државните власти. Постои опција и за нивно изнајмување на државните институции или на приватни претпријатија.

Поврзани написи

Loading

Како владата така и опозицијата сакаат да покажат дека сериозно го сфаќаат проблемот поврзан со терористите. Претходно оваа година опозициската Социјалистичка партија вети дека ќе побара истрага за тоа како илјадници странци - вклучувајќи и луѓе, наводно, поврзани со Осама бин Ладен - можеле да добијат албанско државјанство во изминативе 13 години.

Се смета дека Кади имал блиски врски со Абдул Латиф Салех, кој, пак, има двојно - јорданско и албанско државјанство, и кого американското Министерство за финансии го прогласи за поддржувач на Ал каеда. Според Вашингтон, тој е поврзан со голем број албански невладини организации поврзани со египетскиот „Исламски џихад“ - група која има врски со Ал каеда - и добил 600.000 американски долари од Осама бин Ладен за да формира екстремистички групи во Албанија.

Салех основал албанска џихад организација, финансирана од страна на фондацијата Ал Харамаин, со цел да ја дестабилизира Албанија „поттикнувајќи конфликти помеѓу различните религиозни групи во земјата“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Покрај тоа, Салех и Кади имале и неколку заеднички бизниси, вклучувајќи и увоз на шеќер, медицинско претпријатие и градежно претпријатие. „Салех бил главен менаџер на сите бизниси на Кади во Албанија, и, наводно, поседува 10 отсто од инвестициите на групата „Кади“ во Албанија“, вели министерството.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар