Пет години по демократските промени Србија сé уште се бори економски

17/10/2005

По отстранувањето од власт на Слободан Милошевиќ во октомври 200 година очекувањата беа големи. Во текот на петте години оттогаш Србите се соочија со тешка транзиција, поставувајќи ги основите на, како што се надеваат, идната благосостојба.

Од Давор Коњикушиќ за Southeast European Times во Белград -- 17/10/05

photo

Исцепен постер на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во центарот на Белград. Овој месец Србија ја одбележа петтата годишнина од соборувањето на неговиот режим. [AФП]

Овој месец беше одбележана петтата годишнина од револуционерното симнување од власт на Слободан Милошевиќ, што водеше кон еден нов период на демократизација и големи економски промени. Денес просечниот граѓанин е далеку помалку заинтересиран за политиката, а далеку повеќе за економијата и секојдневната живеачка.

Според аналитичарите, Србија постигна значителен економски раст во изминативе пет години, истовремено успевајќи да ги реорганизира економските институции во рамките на „приватната економија“. Според методот на пресметка на Светската банка Србија го зголемила својот БДП од 2000 до 2004 година од околу 8 до околу 12 милијарди американски долари. За само пет години БДП се зголемил за скоро 50 отсто.

Поврзани написи

Loading

До својата смена во октомври 2000 година Милошевиќ успеа да го намали БДП на Србија за околу 70 отсто од процентот во 1989 година, годината кога Југославија започна да се распаѓа. „Ако се земе предвид БДП по глава на жител може да се види дека времето на Милошевиќ не врати на помалку од 832 евра по глава на жител БДП, значи околу 40 години назад, додека без него ние успеавме да се вратиме на 2.286 евра по глава на жител“, рече Димитрије Боаров, економски аналитичар во неделникот Времe.

Сепак, како противтежа на ова постигнување во другите области имаше бавен напредок. Во текот на изминативе пет години Србија забележа незадоволително зголемување на извозот, од 1.295 милиони евра во 2000 година на нешто повеќе од 3.327 милиони евра оваа година. Во истиот период имаше драстично зголемување на увозот, од 2.770 милиони евра во 2000 година на 9.265 милиони евра во 2004 година. Дефицитот во надворешната трговија се зголеми четирикратно. Сепак, се чини дека оваа година оваа тенденција ќе се промени. Се очекува значително намалување на дефицитот во надворешната трговија.

Најтешкиот дел од транзицијата е невработеноста, која се зголеми за преку 30 отсто од првичните 25 отсто. Тоа значи дека Србија има помеѓу 800.000 и 900.000 невработени лица. Покрај тоа, во 2000 година скоро една третина од милион и пол вработени луѓе беа пуштени на принуден одмор и добиваа минимална плата, додека над 620.000 беа прогласени за вишок.

И покрај тоа што поголем дел од народот имаше големи очекувања пред пет години, повеќето треба доправа да го почувствуваат благодетот од демократизацијата. И покрај тоа што транзицијата е тешка, таа ги поставува основите на долгорочната позитивна промена. Најважно е тоа што со почетокот на разговорите за стабилизација и асоцијација со ЕУ, републиката направи важен чекор кон европската интеграција, која многумина Срби сега ја сметаат за клучна за идната благосостојба.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар