17/10/2005
Остатоците на 482 жртви од масакрот во Сребреница беа откопани од третата по големина масовна гробница откриена досега во БиХ. Експертите по судска медицина во неделата ја завршија ексхумацијата.
(Ројтерс, АФП, ФЕНА - 16/10/05; AП, АФП, Ројтерс - 04/10/05)
![]() Во изминативе девет години во источна Босна и Херцеговина се откриени десетици масовни гробници со остатоците на жртвите од Сребреница. [AФП] |
Експертите по судска медицина ги откопаа остатоците на 482 жртви од масакрот во Сребреница во 1995 година во масовната гробница во североисточна Босна и Херцеговина (БиХ).
„Пронајдовме осум цели и 474 нецелосни тела“, рече Мурат Хуртиќ од босанскиот Институт за исчезнати лица во неделата (16-ти октомври), објавувајќи го завршувањето на едномесечната ексхумација од гробницата во селото Липље, на оддалеченост од околу 30 километри од Сребреница.
Гробницата се вели дека е трета по големина откриена во БиХ од крајот на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Таа е, исто така, и најголема од петте таканаречени секундарни масовни гробници откриени во Липље, што значи дека жртвите првично биле закопани на друго место. Телата подоцна биле откопани со булдожери и повторно закопани на некое друго место, во обид да се прикрие злосторството.
„Невозможно е да се каже колку луѓе биле закопани во оваа гробница“, рече Хуртиќ за АФП. „Експертите сега ќе започнат со испитувањето на коските откриени на сите пет места со цел да се состават што е можно повеќе скелети.“
Eксхумацијата во другите четири масовни гробници откриени претходно во Липље резултираше со откривање на остатоците од вкупно 1.000 луѓе.
Во текот на неколкуте дена по падот на „заштитената област“ на ОН на 11-ти јули 1995 година во Сребреница од страна на силите предводени од воениот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, околу 8.000 мажи и момчиња од босанските муслимани беа убиени по кратка постапка, што се опишува како најголемото злосторство во Европа од крајот на Втората светска војна. Младиќ и поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, се обвинети од страна на Трибуналот на ОН за воени злосторства, делумно и поради нивната улога во настаните во Сребреница. Двајцата се наоѓаат во бегство.
Остатоците на околу 16.500 лица се откопани од 300 масовни гробници низ целата земја во текот на изминатава деценија. Во неколку десетици гробници се наоѓаа остатоците на жртвите од Сребреница. Околу 2.000 луѓе се идентификувани преку анализа на ДНК. Но, илјадници други сé уште не се пронајдени и се смета дека се мртви.
Во извештајот објавен претходно овој месец од страна на специјалната комисија за масовните убиства од 1995 година се вели дека околу 25.000 луѓе биле вклучени во заробувањето во Сребреница. Од нив повеќе од 19.000 босански Срби, вклучувајќи и припадници на армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, се вели дека учествувале во убиствата.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's