Успехот на „УС Стил“ во Србија би можел да помогне во зголемувањето на странските инвестиции

04/10/2005

Од купувањето на производителот на челик „Сартид“ во 2003 година „УС Стил“ направи пресврт во работењето, станувајќи најголемиот српски извозник, како и приказна за големиот успех во процесот на приватизација.

Од Душан Косановиќ за Southeast European Times во Белград - 04/10/05

photo

„УС Стил“ го купи државното претпријатие „Сартид“ во 2003 година. [US Steel]

Успехот на „УС Стил“ во Србија би можел да охрабри повеќе странски инвестиции во Србија и Црна Гора, како што изјави главниот менаџер, Џон Квејд. Тој минатиот месец го информираше американскиот заменик државен помошник, Розмари Дикарло, за искуството на овој производител на челик од 2003 година, кога го купи поранешното државно претпријатие „Сартид“ и неговите шест фабрики за 19 милиони евра, ветувајќи дека ќе инвестира уште 124,2 милиони евра во текот на следните пет години.

Како дел од договорот „УС Стил“ со седиште во Питсбург презеде тригодишна обврска да донира скоро 4,2 милиони евра за цивилни цели како што е детската заштита, спортот и културата. Претпријатието стана движечката сила за растот на локалната економија, вработувајќи скоро 9.000 работници во градот Смедерево. Тоа е, исто така, и најголемиот српски извозник. Во јуни оваа година претпријатието ја рестартираше главната печка за согорување во Смедерево, овозможувајќи зголемување на производството на 1,6 милиони тони оваа година и на крајот негово удвојување на 2,2 милиони тони.

Операцијата стана една од најуспешните поглавја во српската приватизациона приказна, процес кој беше нарушен од недостатокот на регулатива, раширените наводи за измама и корупција, како и други проблеми откако во 2001 година со закон беше отворен патот за продажба на државниот имот. Досега се продадени околу 1.406 претпријатија, според податоците од владата.

Поврзани написи

Loading

За време на престојот во Србија и Црна Гора Дикарло го посети Центарот за економски развој, основан од страна на „УС Стил“ во центарот на Белград. Изразувајќи пофалби за успехот на претпријатието како на инспирација за сите потенцијални инвеститори, таа рече дека владата на САД е посветена на помошта во економскиот развој за Србија.

Истовремено, таа предупреди дека владата мора да го сработи својот дел од обврските кон меѓународната заедница, вклучувајќи го и ветувањето кон меѓународните финансиски институции како што е ММФ.

Американскиот амбасадор во Србија и Црна Гора, Мајкл Ц. Полт, ги повтори забелешките на Дикарло, истакнувајќи дека Вашингтон смета дека е мошне важно да се унапреди економската соработка со оваа балканска земја. Тој рече дека е оптимист во врска со понатамошниот развој, истовремено истакнувајќи дека има уште предизвици.

Српската влада е таа која треба да ги отстрани последните пречки за вистинската пазарна економија - особено во областа на приватизацијата, која и понатаму бавно се спроведува - како и да ги фокусира напорите на спроведувањето на реформите и обновата на инфраструктурата, рече Полт.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар