Според извештајот на ОН во Југоисточна Европа има раст на странските инвестиции

03/10/2005

Бугарија и Романија сочинуваат повеќе од 70 отсто во приливот на странските директни инвестиции во Југоисточна Европа во 2004 година, според новиот извештај на ОН.

(РФЕ/РЛ, УПИ, Софиска новинска агенција, Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој, Центар на вести на ОН - 29/09/05)

photo

Годишниот Извештај за светските инвестиции на ОН се смета за најсеопфатен показател за странските директни инвестиции во целиот свет. [ОН]

Приливот на странските директни инвестиции (СДИ) на светско ниво забележа скромен раст во 2004 година, како што беше објавено во новиот извештај на ОН. Со вкупно 648 милијарди американски долари тој беше за два отсто повисок од 2003 година, според Извештајот за светските инвестиции (ИСИ), објавен во четвртокот (29-ти септември) од страна на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

„По тригодишното постепено намалување странските директни инвестиции повторно се зголемуваат“, изјави за новинарите Џорџ Кел, извршниот шеф на иницијативата „Глобал компакт“ на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан. „Зголемувањето е резултат исклучиво на значителното зголемување на приливот на странските директни инвестиции во земјите во развој.“

САД беа најголемиот примател во 2004 година, по што следеа Велика Британија, Кина и Луксембург, најголемите приматели на СДИ во 2003 година.

Поврзани написи

Loading

Во 2004 година зголемувањето на приливот за период од една година во земјите во развој изнесуваше 36 отсто, односно преку 230 милијарди американски долари. Приливот на СДИ во седумте земји на Југоисточна Европа - Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ). Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија и Србија и Црна Гора - изнесуваше скоро 11 милијарди американски долари.

Бугарија и Романија, кои се очекува да пристапат во ЕУ во 2007 година, беа главните приматели на внатрешни СДИ во 2004 година со 2,488 милијарди американски долари, односно 5,174 милијарди американски долари, што сочинува 71 отсто од приливот на СДИ во седумте земји од ЈИЕ. Само Хрватска, со 1,076 милијарди американски долари, и Србија и Црна Гора, со 966 милиони американски долари, добија помалку СДИ во 2004 година отколку претходната година. БиХ и Македонија забележаа прилив од 497 милиони американски долари, односно 151 милиони американски долари, додека Албанија доби околу 426 милиони американски долари.

„Во Бугарија и Романија изгледите за пристапување во ЕУ во 2007 година го поттикнаа брзото усвојување на „acquis communautaire“ на ЕУ, зајакнувањето на напорите за подобрување на бизнис климата и комплетирањето на големите приватизациони договори“, се вели во ИСИ и се истакнува дека другите земји од ЈИЕ ги следат нив во различен степен. Извештајот предвидува дека приливот на СДИ во земјите од Југоисточна Европа и земјите од Комонвелтот на независни држави ќе се зголемува уште повеќе во 2005 и во 2006 година.

ИСИ 2005, исто така, ги рангира и 140-те земји во светот по индексот на внатрешната перформанса на СДИ за 2004 година - променлив просек, кој ги користи податоците на еден тригодишен период. Бугарија се рангира највисоко, на 12-тото место. Хрватска е 33-та, а Романија 35-та. Албанија е на 42-рото место додека Македонија е 72-ра. БиХ и Србија и Црна Гора не се вклучени во ранг-листата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар