Македонските опозициски партии го критикуваат справувањето на македонската влада со вооружените пресметки

29/09/2005

Вооружена банда која со месеци окупираше едно село во близина на Скопје на крајот отстапи, како резултат на, многумина се сомневаат, на постигнат преговарацки договор. И покрај тоа што владата успеа да ја реши кризата, опозициските партии, па дури и претседателот Бранко Црвенковски, го критикуваат, според нив, лошиот преседан.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 09/29/05

photo

Еден селанец од Кондово ги гледа политичарите како пристигнуваат откако Агим Красниќи и неговата вооружена група го напуштија селото. [AФП]

Минатата недела владата на македонскиот премиер Владо Бучковски преживеа интерпелација. Покрај критиките за економската политика на кабинетот предводен од социјалдемократите и окривувањето на власта за одложувањето на членството во НАТО, опозициските партии го фокусираа својот гнев и на тоа како владата го реши неодамнешниот вооружен ќор-сокак во Кондово, село во скопската општина кое со месеци беше недостапно за полицијата.

Кризата беше решена во август кога Агим Красниќи, водачот на околу 80 вооружени мажи кои го окупираа селото, се согласи да се повлече и подоцна да се појави на суд. Но, потоа судот ја повлече државната и меѓународната потерница по него -- потег кој не само што ја разлути опозицијата туку беше критикуван и од претседателот Бранко Црвенковски, поранешен претседател на партијата која сега ја води Бучковски.

„Имајќи ја предвид сериозноста и бројот на кривичните дела за кои беа обвинети Красниќи и припадниците на неговата група“, рече Црвенковски, „морам да кажам дека постапката на обвинителството и одлуката на судот со право предизвика не само внимание кај јавноста туку и сомнежи, револт, загриженост, така што таа работа мора да се реши.“

Красниќи и неговата група го окупираа Кондово двапати -- првиот пат помеѓу јули и декември 2004 година и подоцна помеѓу февруари и август оваа година. Преку медиумите Красниќи се закани со напад на Скопје, а неговите луѓе киднапираа и претепаа четворица полицајци. Почнувајќи од септември 2004 година, против него беа издадени потерници за нелегално поседување на оружје, киднапирање и кражба.

Откако Красниќи и неговите луѓе ја напуштија областа, полицијата пронајде таен склад со оружје во кој, наводно, имало и минофрлачи и гранати, лансер на проектили, автоматско оружје, гранатни ласери и гранати, бомби, нагазни мини и муниција.

И покрај тоа што владата доби пофалби за мирното решавање на кризата, таа, исто така, беше обвинета и за лош преседан поради преговорите со вооружени криминалци. Опозициските партии тврдат дека повлекувањето на Красниќи е постигнато со политички договор помеѓу социјалдемократите и нивниот партнер во владејачката коалиција, Демократската унија за интеграција на етничките Албанци.

Тие, исто така, обвинија и дека полицијата го придружувала Красниќи во судот во рамките на една тајна операција, откако тој добил ветување за амнестија и дека судот ги повлекол потерниците под политички притисок.

„Владо Бучковски им испрати мрачна порака на граѓаните“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Во иднина може да се случат окупирања на села и населби, а владата ќе преговара.“

Поврзани написи

Loading

Црвенковски искажа слични несогласувања. „Во Македонија или ќе владее правото или нема. Законите или ќе важат за сите или ние ќе промовираме беззаконие“, го цитираше Македонската информативна агенција.

Владата ги отфрли обвинувањата на опозицијата, негирајќи каков било договор и владина улога во повлекувањето на потерниците. Красниќи сé уште се соочува со обвиненија и ќе одговара за нив на суд, тврдат властите.

Истовремено, владата ја брани својата одлука да не спроведува обемна полициска операција, во која може да има и жртви, за да го истера Красниќи од селото.

Политичките средства во решавањето на безбедносните прашања нема да бидат избегнувани во иднина, рече Бучковски.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар