19/09/2005
Претседателот на кипарските Грци Тасос Пападопулос во неделата изјави дека какви било нови разговори за повторно обединување на Кипар треба да се одржат со посредство на ОН. Тој укажа на тоа дека генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, би можел во блиска иднина да ги обнови преговорите.
(Australian Associated Press - 19/09/05; AП, Ројтерс, ВОА, Кипарска новинска агенција, Turkish Press - 18/09/05)
![]() Претседателот на кипарските Грци, Тасос Пападопулос, имаше свое обраќање на 60-тата сесија на Генералното собрание во неделата (18-ти септември). [AФП] |
Претседателот на кипарските Грци, Тасос Пападопулос, во неделата (18-ти септември) рече дека какви било нови разговори за повторно обединување на Кипар би требало да се одржат под покровителство на ОН. „Ние и понатаму сме посветени на преговорите со посредство на ОН и на создавање на потребните услови со цел да се овозможат плодни преговори“, рече Пападопулос во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Обновувањето на преговорите, како што рече Пападопулос, бара „темелни подготовки и чесна проценка дека веројатноста за успех е барем уверлива“, како и потврда дека „Турција се помирила со фактот дека постигнувањето на договор претставува синоним со концептот на единствена, обединета држава.“
Водачот на кипарските Грци за новинарите изјави дека генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, со кого тој се состана во петокот, би можел да ги обнови мировните разговори „во блиска иднина“. Но, тој ги негираше шпекулациите во медиумите дека кипарското прашање би можело да се реши пред почетокот на разговорите за пристап на Турција со ЕУ, закажан за 3-ти октомври.
Кога преговорите ќе бидат обновени „темпото и распоредот на разговорите треба да бидат диктирани единствено во зависност од напредокот на разговорите, како и од времето потребно за комплетирање на материјата“, рече Пападопулос. Не е „во интерес на никој да имаме уште еден неуспешен обид“, истакна тој.
Последните напори за ставање крај на повеќе од 31-годишната поделеност на овој медитерански остров пропаднаа во април 2004 година, кога кипарските Грци со огромно мнозинство го отфрлија предлогот на ОН за решавање на прашањето, познат како План на Анан. Планот предвидуваше обединување на јужниот дел на островот на кипарските Грци и северниот дел на кипарските Турци во федерација на две политички еднакви држави во нејзиниот состав поврзани со лабава централна влада. И покрај тоа што мнозинството кипарски Турци го одобрија предложениот договор, само меѓународнопризнаениот дел на кипарските Грци пристапи во ЕУ на 1-ви мај 2004 година.
Кипарските Грци како главна причина за одбивањето на договорот го наведоа непостоењето на доволно гаранции дека ќе ги добијат своите домови и имот што им беа одземени од страна на кипарските Турци. Тие, исто така, се спротивставија на континуираното турско воено присуство на островот.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's