06/09/2005
Американскиот поет В.С. Мервин е добитник на овогодинешниот Златен венец, награда која се доделува на „Струшките вечери на поезијата“ на брегот на Охридското Езеро.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 06/09/05
![]() „Струшките вечери на поезијата“, кои датираат од 1962-та година, се сметаат за најдолготрајна поетска манифестација во светот. [СВП] |
Најдолготрајната поетска манифестација во светот беше одржана на брегот на Охридското Езеро во Македонија кон крајот од минатиот месец. Дваесет и пет поети од 20 различни земји присуствуваа на 44-то издание на „Струшките вечери на поезијата“ (СВП), кое се одржа од 25-ти до 28-ми август.
Добитник на овогодинешната награда „Златен венец“ беше американскиот поет В.С.Мервин. Тој учествуваше на манифестацијата по трет пат.
„Ова претставува огромна чест за мене и јас сум трогнат“, рече Мервин. „Знам дека наградата ја доделуваат луѓе за кои поезијата има централно место во нивните животи, како што има во мојот“.
„Заедно со овој Златен венец, ти ги предаваме и нашите најискрени желби за добро здравје и уште многу поеми кои ќе успеат во нивната мисија да го направат овој неспокоен свет едно подобро и похумано место наместо место на страдања и поделби“, рече претседателот на СВЕ Зоран Анчевски.
Андреа Коте од Колумбија ја доби наградата „Струшки мостови“, која се доделува на најдобриот млад поет. Добитникот на оваа награда, која е спонзорирана од УНЕСКО, добива скулптура на мостови и гулаб, направена од македонскиот уметник Бранко Јакшиќ.
„Поезијата покажа дека може да придонесе за здравјето на светот, здравјето на неговиот дух. Благодарен сум што ме доведовте во Струга каде езерото е неверојатно проѕирно, каква што треба да биде и поезијата“, рече Коте.
„Струшките вечери на поезијата, кои датираат од 1962-та година, претставуваат импресивен пример за широкиот спектар на меѓукултурни активности што Македонија ги организира денес, се вели во заедничкото соопштение на делегатите на европската Поетска Академија, кои се сретнаа за време на манифестацијата.
Освен поетските читања, организаторите на СВЕ, исто така, издадоа серија книги кои имаат за цел да ги запознаат македонските читатели со делото на меѓународните автори, како и да им овозможат на странските читатели англиски превод на современите македонски поети. Годинава, поезијата на Таникава Сунтару (Јапонија), Брејтен Брејтенбах (Јужна Африка), Рита Даф (САД), Лајанел Реј (Франција), Лес Муреј (Австралија), Тарек Елтајеб (Судан) и Хеди Баураи (Канада) ќе биде објавена во рамките на годишното издание.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's