05/09/2005
Претседателот на Косово Ибрахим Ругова, централна личност во политичкиот живот на покраината во последните 15 години, соопшти дека има рак на белите дробови. Во телевизиското обраќање во понеделникот, тој рече дека ќе ја „добие оваа борба“ и дека ќе продолжи да работи.
Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана -- 05/09/05
![]() Претседателот на Косово Ибрахим Ругова се врати во Приштина во неделата (4 септември) по еднонеделниот медицински третман во една воена база во Германија. [АФП] |
Во телевизиското обраќање до жителите на Косово во понеделникот (5 септември), претседателот Ибрахим Ругова соопшти дека му е дијагностициран рак на белите дробови и дека сега ќе се подвргне на интензивна нега со цел да ја „добие оваа борба“. Тој, исто така, рече дека нема намера да се повлече.
Ругова се врати во главниот град на Косово, Приштина, во саботата после една недела лечење во една американска воена база во близината на Франкфурт, Германија. Тој веќе ги намали своите работни задачи и откажа некои средби поради, како што беа тогаш опишани, „симптоми на грип“.
„Докторите открија дека боледувам од локализиран рак на белите дробови и ми препишаа интензивна терапија“, рече тој. „Убеден сум дека со помош од Господ ќе ја совладам болеста“.
Кабинетот на претседателот издаде соопштение во кое се вели дека тој ќе ги извршува своите задачи и обврски од домот, каде што постојано ќе има медицинска нега.
61-годишниот Ругова, писател и професор по литература школуван во Сорбона, помина повеќе од 15 години во центарот на косовската политика и се очекува тој да ја предводи покраината во преговорите за нејзиниот финален статус. Преговорите би можеле да започнат кон крајот од годинава, доколку ОН утврдат дека се задоволени група меѓународни стандарди.
Доколку Ругова биде принуден да се повлече, тоа би предизвикало безредие на косовската политичка сцена во едно многу чуствително време. Се чини дека никој не е подготвен да ја преземе функцијата лидер на неговата Демократска Лига на Косово (ДЛК), а аналитичарите велат дека неговото заминување може да предизвика борба за превласт меѓу внатре-партиските фракции. Ова, пак, може да значи крај на доминацијата на ДЛК во политиката на Косово, што им оди во прилог на противничките партии кои се појавија во текот на последниве неколку години.
Претставници на локалните институции и меѓународната администрација на Косово изразија надеж дека Ругова набрзо ќе закрепне. Надеж за негово закрепнување изразија и европските министри за надворешни работи, по нивната средба минатата недела.
Ругова, кој се смета за умерен политичар, ги предводеше Албанците во десетгодишниот период на „пасивен отпор“ кон режимот на моќниот Слободан Милошевиќ. Тој стана претседател во март 2002-та година, по војната 1998-1999 која заврши со повлекување на Белград од покраината. Тој беше повторно избран во октомври минатата година.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's