Поплавите во Романија доведоа до задолжително осигурување на домовите

29/08/2005

По овогодинешните катастрофални поплави романската влада одлучи да го направи осигурувањето на куќите задолжително за сите, почнувајќи од следната година.

Од Разван Амариеи за Southeast European Times во Букурешт – 29/08/05

photo

Штетата предизвикана од поплавите во Романија оваа година ги оптовари финансиите на земјата. [AФП]

Само оваа година Романија беше погодена од четири големи поплави, кои предизвикаа штета во висина од повеќе од 2 милијарди евра. Над 25.000 куќи се сосема уништени и сериозно оштетени, 40 луѓе починаа и стотици патишта, железнички линии и мостови се погодени. Помали катастрофи се предизвикани од торнада - нов феномен во регионот - како и од одрони предизвикани од невообичаените количини дожд.

„Една од најзначајните последици на климатските промени во Романија е формирањето на големи порои на малите водни текови“, објаснува Јон Течуци од националниот Хидрометеоролошки институт.

Владата беше затекната од проблемите со времето и се покажа дека е тешко да се најдат средства за помош на луѓето и реконструирање на штетите на инфраструктурата. Покрај канализирањето на пари од проектите за асфалтирање и изградба, властите, исто така, сметаат и на финансиска помош од ЕУ. „Ние ќе имаме пристап до европските средства, евентуално со пренасочување на некои пари од програмите ФАРЕ, САПАРД или ИСПА“, вели премиерот Калин Попеску Таричеану.

Со цел да избегне некои деликатни финансиски ситуации во иднина, неговата администрација се одлучи на радикална мерка: воведување на задолжително осигурување на куќите од поплави, земјотреси, одрони и невреме. Премиите ќе варираат за урбаните и руралните области, врз основа на ризиците од изложеноста.

Според нацрт-законот, кој најверојатно ќе биде усвоен во парламентот оваа есен, осигурената вредност на објектот треба да биде иста како и неговата фискална вредност, но не смее да ја надмине висината од 15.000 евра.

„На овој начин премијата нема да ја надмине сумата од 30 евра“, рече државниот секретар Раду Мирчеа Попеску во радио-интервјуто. Со оглед на тоа што оваа сума сé уште ќе биде висока за земјата каде што просечната месечна плата изнесува 200 евра, а просечната пензија е 80 евра, државата ќе ги субвенционира оние со ниски примања.

„Нема на сите осигурителни претпријатија да им биде дозволено да го практикуваат овој вид осигурување. Истото важи и за задолжителното осигурување на трето лице за автомобили - само 13 од вкупно 43 претпријатија се овластени да продаваат ваков вид полиса“, се цитира изјавата на Николае Крисан, претседателот на Меѓународната супервизорска комисија, во Кoтидианул.

Поврзани написи

Loading

За разлика од прописите на автомобилското осигурување, нема да има парични казни за оние кои нема да сакаат да купат задолжително осигурување на домовите. „Ќе има некои ограничувања. Оние без осигурување, на пример, нема да можат да го продаваат својот имот“, рече Крисан.

Оваа идеја не ја поздравија сите. На пример, некои претпријатија не сакаат да ризикуваат за илјадници стари фушерски блокови во Букурешт или приближно два милиони летвички и куќи од керпич во селата.

Други ја критикуваат иницијативата како неетичка. „Државата им дава на осигурителните претпријатија договори кои носат профит. Нормално, Советот за конкурентност треба да интервенира“, весникот Aдеварул го цитира Артур Силвестри, аналитичар на недвижности.

Голем број обични луѓе, исто така, сметаат дека нацрт-законот би можел да биде и поконкретен. „Живеам во Букурешт, на седмиот кат. Претпоставувам дека поплавите и одрони се невозможни, но сепак морам да плаќам за нив“, вели 35-годишниот професор Дан Тудореску.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Роднините на жртвите од Сребреница ја поздравуваат холандската пресуда, но не се задоволниРоднините на жртвите од Сребреница ја поздравуваат холандската пресуда, но не се задоволни

Некои веруваат дека пресудата е првиот чекор кон разоткривање на вистината за случувањата во Сребреница во 1995 година.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали се согласувате со предлогот на Грција да понуди намалени затворски казни за лицата осудени за корупција?

Да, паричните казни се доволни за казнување на ненасилните кривични дела
Не, лицата осудени за корупција и измама треба да се соочат со остри казни
Не знам