19/08/2005
Скијачкиот центарот Кожуф, кој се наоѓа на македонско-грчката граница, ги има сите услови да стане еден од најмодените туристички центри на Балканот. Истиот се очекува да носи годишен приход од околу 220 милиони евра.
Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје -- 19/08/05
![]() Скијачкиот центар кој чини 72 милиони евра и е заедничка инвестиција на Грција и Македонија, ќе се наоѓа на планината Кожуф. [Архива] |
Изградбата на ски-центарот Кожуф, заедничка инвестиција на Македонија и Грција, за кој амбициите се да стане најмодерен туристички центар на Балканот, започна минатиот месец. Зимскиот центар на површина од 43 хектари треба да започне со работа до 2007 година и би можел да носи годишен приход од околу 220 милиони евра. Неговото комплетирање ќе чини околу 72 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во текот на следните години.
„Оваа година ние ќе изградиме дел од инфраструктурата и објектите за сместување и ќе инсталираме ски-лифт за промотивна употреба на скијачките патеки до крајот на оваа година“, вели проект-менаџерот Ангел Наков. „Планираме поинтензивирана работа во 2007 година кога очекуваме овој комплекс да почне да функционира.“
Градоначалникот на општина Кавадарци, каде што се наоѓа овој ски-центар, го поддржа проектот. „Ја повикувам владата да помогне во изградбата на инфраструктурата која води до центарот, што ќе значи заживување на економијата во Кавадарци и Гевгелија“, рече Панчо Минов на церемонијата на ставање на темелите на 24-ти јули.
Поддршка дојде и од премиерот Владо Бучковски, кој го посети градилиштето и вети помош од државата во изградбата на 35-километарскиот регионален пат, кој го поврзуваат ски-центарот со патот до Скопје преку Демир Капија и Гевгелија.
Центарот, кој се граничи со грчката граница, ќе се наоѓа на планината Кожуф, на надморска височина од 1.500 до 2.000 метри. Проектот предвидува изградба на скијачки патеки во должина од 40 километри. Исто така, се планира и поставување на модерни скијачки кабли, кои ќе можат да транспортираат 13.500 луѓе на час, како и поставување на направи за вештачки снег по патеките.
Центарот ќе вклучува хотел со пет ѕвездички со 600 кревети, еден хотел со четири ѕвездички и 160 кревети, 750 куќарки, еден трговски центар, паркиралиште за 1.600 возила, како и спортски објекти. На годишно ниво инвеститорите очекуваат 600.000 ноќевања и доаѓање на 300.000 туристи.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's