09/08/2005
И покрај тоа што младите луѓе од цела Европа сé повеќе ги привлекува Србија како дестинација за патување, честопати тие не можат да најдат место за сместување по пристапни цени. На Србија й недостигаат хостели, главни преноќишта за младите, а законот дури и не ги признава како категорија.
Од Давор Коњикушиќ за Southeast European Times во Белград - 09/08/05
![]() Србија привлекува сé поголем број млади патници. [AФП] |
Оваа година, како и во претходните години, голем број млади луѓе кои присуствуваа на музичкиот фестивал во Србија „Егзит“ не можеа да се сместат во хостели. Наместо тоа, тие мораа да бараат хотелски соби или да подигаат шатори во камповите.
Хостелите се главното преноќиште за младите патници, но во Србија тие недостигаат. И покрај тоа што е од суштинска важност за туризмот, оваа возрасна група и понатаму се занемарува. Младите луѓе кои патуваат со минимален буџет ниту имаат можност ниту, пак, имаат интерес да престојуваат во луксузни хотели. И покрај тоа што музичките настани и случувања привлекуваат сé поголем број млади посетители од соседните земји, кога ќе пристигнат во Србија тие честопати не можат да најдат место за преноќување.
Владата конечно почна да обрнува внимание на ова прашање. Момчило Нешковиќ, кој го предводи одделот за маркетинг во Министерството за туризам, признава дека постои потреба за изградба на хостели. „Ние гледаме на хостелите од два аспекти. Еден аспект е чисто туристички, бидејќи овие млади луѓе, исто така, ќе потрошат пари во Србија. Од друга страна, тие се важни во однос на потенцијалот, како идни чести посетители на нашата земја. Тие ќе видат што нудиме ние и, можеби, еден ден ќе се вратат со своите семејства“, вели Нешковиќ.
Хостелите нудат значителен бизнис потенцијал како за домашните така и за странските инвеститори. Но, прво тие мора да се изградат. Една опција, според Нешковиќ, е да се изградат нови објекти од нула. Поекономична опција е адаптирањето на објектите кои се изградени за друга цел.
Унгарија нуди успешен модел во овој поглед. Таму државата дозволи воените и индустриските капацитети од времето на комунизмот да бидат адаптирани во хостели.
Во Србија белградскиот Студентски центар води два студенски дома како хостели во текот на летото. Според директорот на центарот, Драгана Вујачиќ, овие капацитети имаат вкупно 1.500 кревети. „Имаме одлична соработка со Туристичката организација на Белград. Очекуваме значителен прилив на гости, а тоа се претежно млади луѓе кои престојуваат кај нас претежно како учесници во спортските настани кои се одржуваат во текот на овој период. Но, има и постари туристи кои изразиле интерес за нашите услуги“, вели Вујачиќ.
Една пречка е и тоа што хостелите не постојат како категорија во српскиот закон. Тоа оневозможува нивно законско отворање. Но, голем број приватни хостели без дозвола, наводно, работат во Белград, од кои некои нудат и Интернет услуги. Исто така, некои белграѓани со чувство за бизнис ги адаптирале своите станови и куќи и ги нудат како евтини сместувања.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's