04/08/2005
Брегот на Јадранското Море во Албанија беше местото каде што се одржа неодамнешната заедничка воена вежба на која учествуваа американски, албански и македонски сили. Вежбата, Јадрански ангажман 2005, имаше за цел зајакнување на способностите и промовирање на соработката.
Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана -- 04/08/05
![]() Албанските специјални сили се спуштаат по јаже од хеликоптерот на Американската морнарица на 18-ти јули. Вежбата е една од големиот број обуки кои се спроведуваат како дел од Јадранскиот ангажман 2005. [USEUCOM] |
Американски, албански и македонски сили заеднички учествуваа на вежбата „Јадрански ангажман 2005“ што се одржа од 11-ти до 30-ти јули. Тоа е последна од серијата годишни вежби кои имаат за цел развој на борбените способности и промовирање на пријателството, взаемното разбирање и соработката помеѓу НАТО и регионалните сојузници.
Скоро 1.500 припадници на Американската морнарница и поморските сили, три албански пешадиски водови и хеликоптерска поддршка, како и еден македонски борбен инженерски вод и единица на Специјалните сили учествуваа на теренските вежби, на сценаријата „барај и спаси“, на вежбите за евакуација на жртви и операциите за поморско пресретнување.
Американските сили што учествуваа на вежбата се состоеја од амфибиски брод за напад USS Saipan (LHA 2), брод за спасување USS Grasp (ARS 51), Мобилна единица за уништување на екслозивни направи EIGHT (EODMU 8), ескадрон на хеликоптерска поддршка FOUR (HC 4), единица на поморските сили за безбедност за Европа и командантот Task Force SIX SEVEN (CTF 67).
„Заедничките вежби, како што е Јадранскиот ангажман 2005, ги промовираат напорите за соработка во безбедноста кои ја поттикнуваат регионалната стабилност, ја унапредуваат мултинационалната оперативност и ги одвраќаат потенцијалните непријатели -- сите од непроценлива вредност за меѓународната борба против тероризмот“, рече портпаролот на Американската амбасада во Тирана, кој го најави настанот.
Албанија, заедно со Македонија и Хрватска, се дел од Јадранската повелба, иницијатива во духот на Американско-балтичкото поглавје од 1998 година, предложено заеднички од страна на претседателите на Албанија, Хрватска и Македонија до американскиот претседател Џорџ В. Буш на самитот на НАТО во Прага во ноември 2002 година. Трите балкански земји имаат аспирации за членство во НАТО.
Буш ја поздрави иницијативата како најсилен придонес кон неговата визија за европска целина, слободна и во мир. Колин Пауел, американскиот државен секретар во тоа време, беше помеѓу потписниците на поглавјето во Тирана на 2-ри мај 2003 година.
Aлбанија, исто така, беше учесник во глобалните мировни операции, вклучувајќи го и Авганистан и Ирак. Таа е помеѓу земјите кои испратија војници во борбена фаза на операцијата „Слобода за Ирак“. Како признание за нејзиниот придонес во војната против тероризмот САД неодамна й доделија на Албанија 8 милиони американски долари во рамките на две воени програми, Американскиот коалициски фонд на солидарност и Бушовата Иницијатива за глобални мировни операции.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's