Aлбанија доби финансиска помош од САД

03/08/2005

Албанските вооружени сили ќе можат да добијат нова опрема и обука преку двa гранта во вкупна вредност од 8 милиони американски долари, од САД.

Од Ерлис Селимај за Southeast European Times во Тирана -- 03/08/05

photo

Помошта е одобрена како дел од барањето за воен буџет во случај на потреба на американскиот претседател Џорџ В. Буш за коалициските сојузници. Единица од повеќе од 100 специјалци на албанската армија моментно е распоредена во Ирак, под команда на САД. [AФП]

На Албанија й се доделуваат 8 милиони американски долари од САД, како признание за нејзината улога во меѓународното миротворство и глобалната војна против тероризмот, објави американската амбасада минатиот месец. Парите се обезбедени преку американскиот Коалициски фонд на солидарност (КФС) и Иницијативата за глобални миротворни операции (ИГМО) на претседателот Џорџ В. Буш.

„Како една од 18-те земји признаена во рамките на програмата КФС Албанија ќе добие 6 милиони американски долари за Албанските вооружени сили (АВС) за воена опрема и обука“, се вели во соопштението од амбасадата. Во меѓувреме, грантот од 2 милиони американски долари за поддршка на албанската воена обука за мировните операции беше доделена преку ИГМО, програма која е замислена како помош за американските сојузници да изградат големи мировни способности со коалициските партнери.

„Помошта ќе биде обезбедена во реформите во одбраната, обуката, опремата и хуманитарната помош. Овие програми се осмислени да им помогнат на АВС во градењето на способностите во својата сопствена одбрана, заедно со војската на САД и НАТО, како и да го зајакнат американско-албанското пријателство“, се вели во соопштението на амбасадата.

Поврзани написи

Loading

Помеѓу другите земји во регионот кои добиваат финансиски средства од КФС се Бугарија, Македонија и Романија.

Помошта претставува дел од барањето за воен буџет во случај на потреба на Буш до Конгресот, кое обезбедува помош за коалициските сојузници кои ги поддржаа воените напори во Ирак и Авганистан. Албанија има мировници во двете земји и е една од само четирите земји кои учествуваат со војници во борбената фаза на операцијата Слобода за Ирак.

Моментно во Ирак се наоѓа единица од повеќе од 100 специјалци на албанската армија, кои се под американска команда во неборбена улога. Албанија, исто така, има 23 мировници во Авганистан и војници во Босна и Херцеговина.

Албанија, исто така, активно се залага за интеграција во НАТО. Заедно со Хрватска и Македонија, таа е дел од иницијативата поддржана од САД, наречена Јадранска повелба, чија цел е координирање на напорите од страна на трите земји за oстварување на евроатланската интеграција.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар