Македонија се бори против ширењето на лесно оружје

29/07/2005

Според проценките, во Македонија има помеѓу 80.000 и 170.000 парчиња нелегално лесно оружје. Владата презеде серија иницијативи чија цел е борбата против ширењето на ваквото оружје.

Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје – 29/07/05

photo

Минатата година во Македонија беа запленети 1.314 парчиња лесно оружје. Според Министерството за внатрешни работи, бројот на смртните случаи предизвикани од ваквото оружје е намален за 25 отсто. [AФП]

Претходно овој месец Македонија го одбележа Меѓународниот ден за уништување на оружјето со специјалниот настан организиран од Министерството за внатрешни работи и УНДП. Вкупно 3.100 парчиња лесно оружје -- автоматски пушки, пушки, минофрлачи, на дури и лансери на проектили -- беа уништени во печките на „Макстил“ во Скопје.

Оружјето беше запленето во различни акции на Министерството за внатрешни работи.

„Лесното оружје ги дестабилизира регионите, охрабрува конфликти и ги поткопува мировните иницијативи“, рече Консуело Видал, заменик-претседател на УНДП во Македонија, на настанот на 9-ти јули.

„Нелегалното оружје претставува закана за мирот и безбедноста“, рече Цане Чапраговски, директорот на јавната безбедност во Македонија, задолжен за уништувањето на оружјето. „Денес уништивме 3.100 парчиња оружје кое ќе веќе никогаш нема да биде употребено и нема никого да повреди.“

Поврзани написи

Loading

По меѓуетничкиот конфликт во 2001 година Министерството за внатрешни работи започна серија активности за спречување на ширењето на нелегалното оружје. Во 2003 година беше спроведена акција за разоружување. Истовремено, беа изменети законите и беа заострени казните. Според законот, секој кој ќе биде фатен дека поседува нелегално оружје би можел да добие казна затвор во траење од една до десет години.

Минатата година во Македонија беа запленети 1.314 такви парчиња оружје. Според Министерството за внатрешни работи, бројот на смртните случаи предизвикани од лесно оружје оттогаш се намалил за 25 отсто.

На семинарот на УНДП минатата година проект-менаџерот на Програмата за контрола на лесното оружје, Алан Лапон, рече дека во Македонија има околу 110.000 до 170.000 парчиња нелегално оружје. Но, македонските експерти даваат помали цифри -- околу 80.000 парчиња. Ширењето на таквото оружје во голема мера е резултат на конфликтите кои следеа по распадот на поранешна Југославија.

Според ОН, во светот има околу 639 милиони парчиња лесно оружје, а едно од десет лица поседува повеќе од едно парче. Лесното оружје убива околу 500.000 лица -- еден човек на минута -- годишно или едно лице умира секоја минута во светот. Околу 300.000 такви смртни случаи се резултат на вооружените конфликти, додека 200.000 се резултат на убиство или самоубиство.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар