Бошковски и Тарчуловски ќе останат во Хаг

25/07/2005

Судскиот совет на Хашкиот трибунал ги одби барањата за условно ослободување на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и поранешниот припадник на безбедносните сили Јохан Тарчуловски. Советот рече дека Бошковски во минатото избегал од Македонија, а Тарчуловски би можел да влијае врз сведоците.

Од Марина Стојановска за Southeast European Times во Скопје - 25/07/05

photo

Барањето за условно ослободување на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски е одбиено од страна на Судскиот совет на Хашкиот трибунал. [Архива]

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и припадникот на безбедносните сили Јохан Тарчуловски ќе останат во притвор сé до почетокот на нивното судење, пресуди Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 18-ти јули. Македонија на 4-ти јули од Советот побара условно ослободување за двајцата. „Македонската влада гарантира дека обвинетите ќе му бидат на располагање на Хашкиот трибунал ако бидат условно ослободени и им биде дозволено да се вратат во Македонија“, рече министерот за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска.

Според адвокатот на Бошковски, Драган Гоџо, напуштањето на земјата од страна на неговиот клиент за време на претходниот случај бил решавачки фактор за одбивањето. Бошковски, кој има двојно - македонско и хрватско државјанство, се соочува со обвиненија за убиството на шестмина Пакистанци и еден Индиец од страна на македонската полиција кај Раштански лозја во близина на Скопје на 2-ри март 2002 година. Поранешниот министер за внатрешни работи избега во Хрватска минатата година, но беше уапсен и притворен во Пула.

Ослободувањето на Тарчуловски е одбиено бидејќи „нема апсолутни гаранции дека тој нема да врши притисок врз жртвите и сведоците“, вели Советот.

Поврзани написи

Loading

Адвокатот на Бошковски рече дека ќе ја обжали одлуката на Судскиот совет. „Бев оптимист дека Бошковски ќе биде ослободен, но се чини дека Советот им даде предност на аргументите на обвинителството“, рече Гоџо.

„Одговорот на жалбата ќе зависи од Апелационата комисија“, рече Катина Тарнер, портпарол на Хашкиот трибунал. Таа рече дека Комисијата ќе донесе одлука по жалбата две недели до еден месец по нејзиното поднесување.

Бошковски и Тарчуловски се единствените Македонци обвинети за воени злосторства. Според заедничкото обвинение на Трибуналот од 15-ти март, секој од нив се соочува со по три точки за прекршувања на правилата и обичаите на војувањето, во врска со меѓуетничкиот конфликт во Македонија во 2001 година. Злосторствата за кои тие се обвинети се извршени во периодот помеѓу 10-ти и 12-ти август 2001 година, за време на полициската рација врз селото Љуботен.

Тарчуловски е екстрадиран во Хашкиот трибунал на 16-ти март, а Бошковски на 24-ти истиот месец. Двајцата се изјаснија за невини по сите точки од обвиненијата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар