Мноштво проблеми го попречуваат враќањето на внатрешно-раселените лица во Косово

18/07/2005

Внатрешно-раселените лица во Косово и понатаму се соочуваат со големи проблеми што го попречуваат нивното враќање во домовите од пред конфликтот, рече дипломатскиот претставник на ОН по посетата на регионот.

(Новински центар на ОН, Канцеларија на ОН во Женева - 24/06/05; Рефјуџис интернешнал - 15/06/05; ББС - 13/06/05)

photo

Претходно овој месец ВВС и „Рефјуџис интернешнал“ објавија дека стотици Роми -- голем број од нив деца -- живеат во бегалски кампови во Косово. [AФП]

И покрај тоа што ситуацијата во Косово се чини дека е подобрена, бројот на припадниците на малцинствата што се враќаат и понатаму е многу низок, објави претставникот на генералниот секретар на ОН за човекови права на внатрешно-раселените лица (ВРЛ) во петокот (24-ти јуни) по посетата на регионот.

За време на тридневната турнеја низ Косово, на Валтер Калин му беше кажано дека има помалку меѓуетнички инциденти во текот на изминативе неколку месеци. Но, ВРЛ и повратниците велат дека сé уште се загрижени во врска со својата безбедност. Меѓу причините кои ги наведуваат е и постојаното малтретирање од пониско ниво. Помеѓу другите проблеми е и ограничената слобода на движење, недоволните можности за вработување и недоволните финансии, како што рече претставникот на ОН.

„Особено е жален е фактот дека значителен број ВРЛ се принудени да продолжат со своите мрачни животи во камповите и на други места бидејќи нема донаторска финансиска помош за спроведување на нивното враќање“, се цитира Калин во изјавата на Канцеларијата на ОН во Женева (УНОГ).

Барајќи од косовските привремени институции и УНМИК да ги решат овие проблеми, Калин изрази загриженост дека ниту една од нив нема јасна одговорност за ВРЛ. Како резултат на тоа, многумина се „во голема мера запоставени“ рече Калин, истакнувајќи дека активностите на релевантите власти се фокусирани само на враќањето на бегалците, но не и на оние што сé уште живеат како ВРЛ во Косово. „Ова особено важи за Ромите, Ашкалите и Египќаните, кои заедно со другите несрпски малцинства се чувствуваат стегнати помеѓу двете главни етнички заедници во Косово“, се вели во изјавата на УНОГ.

Калин понатаму апелираше до меѓународната заедница да преземе итни дејства за евакуирање на голем број Роми погодени од труење со олово во камповите во северна Митровица. „Оваа ситуација е итна“, рече тој. „Непреземањето дејства сега ќе значи прекршување на правата на погодените деца за здравје и заштитата на телесниот интегритет.“

Претходно овој месец ВВС и „Рефјуџис интернешнал (РИ)“ го објавија случајот на стотици Роми кои живеат во бегалски кампови во Косово, во околината на топилницата на олово во Митровица. И покрај тоа што овој објект повеќе не е во употреба, областа најверојатно е загадена со екстремно високи нивоа отровно олово.

Канцеларијата на УНХЦР, наводно, постави импровизирани кампови во 1990 година како привремено засолниште за Ромите, Ашкалите и Египќаните кои избегаа од своите домови во јужна Митровица. И покрај тоа што првичните намери беа раселените лица да поминат не повеќе од 90 дена во дрвените колиби, тие сé уште не се преместени.

Поврзани написи

Loading

Се вели дека Житковац, еден од трите кампови во оваа област, е најпогоден. Во кампот, во кој претежно живеат деца, дрвените колиби се близу до старата топилница и на неколку стотина метри од отровниот отпад, објави ВВС.

Според Светската здравствена организација, која ја опиша ситуацијата како еколошка катастрофа, најмалку едно дете починало од оловно труење.

„Децата се најранливи од раѓање до околу шестгодишна возраст бидејќи се во примарните фази на раст и развој“, вели РИ во извештајот. „Труењето со олово влијае на целото тело и има тешки и трајни здравствени последици... Според извештаите на Светската здравствена организација, најзначајната и неповратна последица е врз коефициентот на интелигенција.“

Властите на УНМИК претходно овој месец за ВВС изјавија дека на Ромите им било понудено привремено сместување во помалку загадени области, кое тие го одбиле.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар