06/07/2005
Србија направи голем чекор напред кон либерализација на пазарот на фиксна телефонија. Но, јавноста можеби ќе мора да почека за да ги почувствува благодетите.
Од Давор Коњикушиќ за Southeast European Times во Белград – 06/07/05
![]() Јавноста, најверојатно, во скоро време нема да има пониски телефонски сметки, ниту, пак, подобрен квалитет на услугите во фиксната телефонија. [AФП] |
По неколкугодишно исчекување, Телеком Србија конечно го загуби монополот во фиксната телефонија. Сепак, јавноста засега најверојатно нема да ужива во значителни намалувања на цените или во поквалитетни услуги. Единствени што ќе имаат корист се провајдерите на ВОИП услугите, кои се бореа со Телеком Србија интернет телефонијата да не потпадне под некогаш загарантираниот монопол.
И покрај тоа што монополот е отстранет, реална пазарна либерализација нема да се случи сé додека Агенцијата за телекомуникации не започне да издава дозволи за новите претпријатија, со што ќе воведе конкурентност. Но, агенцијата нема да започне со работа сé до септември.
Според заменик-министерот за капитални инвестиции, Драган Ќурчиќ, корисниците би требало да ја почувствуваат разликата за околу една година. „Овие промени во телекомуникациите се важни, со оглед на тоа што монополот е заменет со слободна конкуренција“, рече тој. „Ние очекуваме различна слика, пред сé поевтини услуги за нашите граѓани.“ Министерството предвидува дека првичното намалување ќе се случи во меѓународните разговори.
Во меѓувреме, цените за фиксната телефонија всушност би можеле да се зголемат, вели експертот за телекомуникации Тихомир Живановиќ. „Сите претпријатија со кабелска телевизија ќе ги опфатат сите големи корисници и претпријатијата, со што приходите на Телеком ќе се намалат за 30 до 40 отсто. За да не банкротира, граѓаните ќе мора да плаќаат 400 до 500 динари за услугите со цел Телеком да преживее, бидејќи тој не може да престане со работата.“
Менаџерот за услуги на Телеком Србија, Игор Јецл, инсистира на тоа дека претпријатието е подготвено за конкуренција. „Клучното прашање е издавањето на дозволи. Ова се државни ресурси и, исто така, работа на регулаторната државна агенција е да утврди под кои услови дозволите ќе им бидат издадени на другите оператори“, вели Јецл.
И покрај тоа што кабелските и интернет операторите ги сигнализираа своите намери за влез на пазарот, тие се соочуваат со лавиринт нерешени прашања.
„Дали ќе можеме да обезбедиме услуги за локални или меѓуградски разговори, која ќе биде законодавната рамка, која ќе биде финансиската рамка, некој ќе мора да ги дефинира лиценците, некои дозволи, некои цени на услугите, дали ќе бидат целосно либерализирании -- во моментов апсолутно ништо не се знае и, од друга страна, потребни се навистина големи инвестиции“, вели Предраг Миличевиќ од Српската широка мрежа, една од водечките кабелски претпријатија. „Не се работи само за тоа дека имаме кабелска мрежа, дека секој може да купи телефон и да се регистрира кај нас. Овде се работи за нешто многу повеќе.“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's