Прегледот на спроведувањето на косовските стандарди ќе започне ова лето

02/06/2005

Информирајќи го Советот за безбедност на ОН за настаните на Косово, шефот на УНМИК, Сорен Јесен-Петерсен, рече дека прегледот на напредокот на провинцијата во спроведувањето на стандардите дефинирани од ОН ќе започне ова лето.

Од Светла Димитрова за Southeast European Times во Сараево – 02/06/05

photo

Шефот на УНМИК, Сорен Јесен-Петерсен, рече дека решавањето на прашањето на статусот ќе помогне за забрзување на напредокот на Косово во врска со голем број прашања и ќе биде од корист за регионалниот дијалог и соработка. [Лаура Хасани]

Шефот на УНМИК, Сорен Јесен-Петерсен, минатата недела рече дека ова лето ќе започне сеопфатниот преглед на напредокот на Косово во спроведувањето на демократските стандарди дефинирани од ОН. Позитивната оценка, најверојатно, би довела до почеток на разговорите подоцна оваа година за одредување на конечниот статус на провинцијата.

Информирајќи го Советот за безбедност во врска со последниот извештај на генералниот секретар на ОН Кофи Анан за развојот на настаните во Косово од 1-ви февруари до 30-ти април, Јесен-Петерсен во петокот (27-ми мај) рече дека решавањето на прашањето на статусот ќе помогне за забрзување на напредокот во врска со голем број прашања, а ќе биде од корист и за регионалниот дијалог и соработка.

И покрај некои проблеми за време на периодот за кој станува збор во извештајот, шефот на УНМИК рече дека Косово и понатаму постигнува напредок во спроведувањето на стандардите во повеќето приоритетни области. Тие ги вклучуваат демократските институции, владеењето на правото, враќањето на бегалците, меѓуетничкиот дијалог и економскиот растеж.

Еден од најкритичните моменти беше почетокот на март, кога поранешниот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства во Хашкиот трибунал, рече Јесен-Петерсен.

„Во текот на тие тешки денови и недели, политичките водачи и граѓаните на Косово се справуваа со една исклучително невообичаена ситуација многу зрело и без безредие или нестабилност“, рече тој. „Новата влада ја покажа истата посветеност на продолжувањето со стандардите и постигна континуиран напредок во својата програма во текот на април и мај.“

Безбедноста се подобри, имаше „позитивни настани“ во врска со дијалогот помеѓу Белград и Приштина и некаков напредок во враќањето на бегалците, и покрај разочарувачки малите бројки, рече Јесен-Петерсен. Истовремено, тој го критикуваше Белград што ги поттикнува косовските Срби да не се приклучуваат на институциите во провинцијата.

Поврзани написи

Loading

„Напредокот во воспоставување на целосно мултиетничко Косово и интеграцијата на сите заедници ќе останат ограничени сé додека се врши притисок врз една етничка група да остане надвор од политичките, економските и социјалните процеси“, рече Јесен-Петерсен. „Белград ќе й помогне на заедницата на косовските Срби и себеси со тоа што ќе се придвижи од повлеченост и одложување кон посветеност и ангажман.“

Шефот на српскиот Косовски координативен центар, Небојша Човиќ, ги окарактеризира коментарите на шефот на УНМИК како „неточни и нефер“.

„Србите не се против учеството, но ве молам не барајте од нив да учествуваат во нешто што не се базира на основниот принцип, непринципиелен пристап кој води до независност на Косово“, изјави тој за новинарите.

Изразувајќи оптимизам во врска со претстојниот преглед, претседателот на Советот за безбедност, данскиот министер за надворешни работи Пер Стиг Молер, рече дека неговиот исход не претставува претходно определен заклучок. Нерешениот статус на Косово создадава политичка несигурност, ги обесхрабрува враќањата, ги потхранува екстремистичките сценарија, ги одвлекува странските инвестиции и не е одржлив, рече тој. Ако по прегледот биде донесена одлука за отворање на разговорите за статусот, неговиот исход не треба се прејудицира, истакна Молер.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар