Романија ќе ги зајакне сеизмолошки несигурните згради

13/05/2005

Романија има висока изложеност на сеизмолошка активност, но голем дел од нејзините урбани градби не би можеле да издржат силен земјотрес. Со помош на Светската банка, властите се надеваат дека ќе го решат овој проблем пред евентуални катастрофални потреси.

Од Разван Амариеи за Southeast European Times во Букурешт – 13/05/05

photo

Четириесет блокови и јавни институции ќе бидат зацврстени оваа година во центарот на Букурешт. [AФП]

Помеѓу 1992 и 2000 година, повеќе од 3.400 згради низ цела Романија беа испитани од страна на градежни експерти, при што беше проценета нивната подготвеност да издржат земјотреси. Експертите ставија вкупно 578 згради во највисока категорија на сеизмички ризик, што значи дека тие би можеле да се срушат во случај на земјотрес посилен од 6 степени според Рихтеровата скала.

Поголем број згради со висок ризик се станбени блокови, додека некои се ресторани, театри и продавници. Покрај тоа, не помалку од 67 болници во 55 градови - помеѓу нив три од вкупно четири болници за итна помош во Букурешт - се наоѓаат на оваа листа. Поради тоа многумина се прашуваат каде би биле лекувани жртвите во случај на голема катастрофа. Во Тимисоара, еден од најголемите романски градови, помеѓу потенцијално загрозените згради се не само пет болници туку и централната пожарникарска станица и инспекторатот за вонредни состојби.

Чувствителноста на Романија на сеизмичка активност го прави овој проблем особено итен. „Според нашите прогнози, следниот голем земјотрес - со јачина од 6,5 степени - ќе се случи во Романија во следните две или три години“, рече Георге Мармуреану, шеф на Институтот за земјотресна физика во Магуреле. Весникот Гардианул, пак, го цитира експертот на Светската банка Габриел Јонита дека Букурешт е „европски главен град најподложен на сеизмичка штета и еден од десетте градови во светот со најголема загрозеност од земјотреси“.

Поврзани написи

Loading

Повеќе од 1.000 луѓе загинаа во главниот град за време на земјотресот во 1977 година, кога се срушија десетици блокови изградени пред Втората светска војна. Специјалистите сметаат дека околу 17.000 луѓе што живеат во згради таканаречените „црвен круг“ - наречени поради ознаката што порано била ставана на градбите подложни на паѓање - се изложени на ризик.

Изминативе 13 години владата ветуваше дека ќе преземе дејства. Но, досега само 26 високоризички згради се засилени - помалку од една на дваесет. Оваа година властите одвоија пари потребни за уште 47 зајакнувања, меѓу кои и 40 во центарот на Букурешт. До крајот на следната година треба да започне работата на преостанатите 500 згради, вели владата.

„За зајакнувањето на сите згради на листата се потребни околу 150 милиони евра“, рече министерот за јавни работи Лазло Борбели. Заемот во висина од 155 милиони евра од Светската банка се очекува да покрие поголем дел од трошоците.

Сепак, сопствениците на загрозените згради, исто така, се очекува да вложат пари. Според законот, јавниот буџет може да обезбеди помош за семејствата со месечни приходи помали од 165 евра. Другите мора да го платат својот дел во текот на следните 25 години, на рати без камата. Многумина се двоумат за плаќањето и покрај постојаната опасност со која живеат.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар