12/05/2005
Со излегувањето на верзијата на Windows XP и Microsoft Office на македонски јазик, Македонија стана една од 50-те земји во светот на која овој софтвер й е достапен на мајчиниот јазик.
Од Зоран Николовски за Southeast European Times во Скопје -- 12/05/05
![]() „Мајкрософт“ нуди верзија на македонски јазик на својот оперативен систем Windows XP. [Архива] |
„Мајкрософт“ минатиот месец ја промовираше верзијата на македонски јазик на својот оперативен сисем Windows XP и компанијата објави дека до крајот на мај, исто така, ќе го издаде и Microsoft Office - што вклучува Microsoft Word за процесирање на текстови, Excel за табеларни пресметки, Power Point за презентации и Outlook за електронска пошта - на македонски јазик. Македонија, со тоа, станува една од околу 50-те земји со програми на „Мајкрософт“ на својот мајчин јазик.
Со исклучок на заштитените имиња на некои производи на овој софтвер, кои ќе ги задржат своите англиски имиња, сите други елементи - од менито за почеток до листата на команди - се преведени на македонски јазик. „Мајкрософт“ добро соработуваше со познатите лингвисти и експерти за информатика од Македонија за да го подготви овој превод.
Новите изданија се наменети за корисниците кои се соочуваат со јазична бариера во користењето на компутерите и Интернетот, рече Илијанчо Гаговски, директорот на „Мајкрософт“ за Македонија. Бројот на луѓето постари од 40 години во Македонија кои говорат англиски се смета дека е мал, и тоа би можело да биде причината за тоа што само помеѓу 5 и 15 отсто од Македонците користат Интернет, и покрај тоа што анкетите покажуваат дека бројот на корисниците на компјутери е повисок.
Софтверот на македонски јазик претставува дел од стратешкиот договор што компанијата го потпиша со македонската влада, кој има за цел зголемување на употребата на нејзините производи во земјата, како и спречување на пиратскиот софтвер. Како дел од договорот, властите инсталираа околу 6.000 лиценцирани верзии на софтверот на „Мајкрософт“, кои чинат околу 3 милиони евра. Ова се смета за прв чекор во програмата за борба против пиратството и прекршувањето на авторските права - важен чекор што влијае врз плановите на Македонија за пристапување во ЕУ. Операцијата на лиценцирање што „Мајкрософт“ ја спроведе во 2004 година покажа дека само 8.000 лиценцирани верзии на нејзиниот софтвер Windows се користат во Македонија, од вкупно 100.000 компјутери.
Македонската верзија на Windows XP ќе функционира единствено од легално активирана копија на овој оперативен систем.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's