Македонската мегалитска опсерваторија Кокино на четвртото место на листата на НАСА

11/05/2005

Опсерваторијата Кокино во Македонија, откриена пред две и пол години, се наоѓа на четвртото место на листата на НАСА на најстари опсерватории. Истражувањата кои имаат за цел да откријат повеќе за опсерваторијата продолжуваат следниот месец.

Од Марија Лазарова за Southeast European Times во Скопје -- 11/05/05

photo

Македонската мегалитска опсерваторија Кокино е стара повеќе од 3.800 години. НАСА ја рангираше на четвртото место на најстари опсерватории во светот. [Архива]

Македонската мегалитска опсерваторија Кокино се наоѓа на 1.030 метри надморска височина на локалитетот Татиќев камен во близина на Куманово. Анализите на археолозите и астрономите покажаа дека опсерваторијата е стара повеќе од 3.800 години. Според НАСА, која претходно оваа година објави листа на опсерватории рангирани според староста, таа е четвртата најстара опсерваторија во светот, по Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.

„Кокино има неверојатна астрономска прецизност и има централно опсерваторско место и помошни опсерваторски места“, вели физичарот Ѓоре Ценев, шеф на македонскиот Младински културен центар „Планетариум“, кој ги изведува деталните анализи на местото. „Опсерваторијата ги одредува четирите главни позиции на Месечината и трите главни позиции на Сонцето во текот на годината, есенска и пролетна рамноденица и најдолгиот и најкраткиот ден во годината“. Еден специјално позициониран означувач покажува дека опсерваторијата, исто така, се користела за следење на движењето на созвездието Плејадес.

Поврзани написи

Loading

Според Цанев, опсерваторијата е направена на крајот на Бронзеното доба и укажува на високоразвиена цивилизација. „Античкиот народ го правел својот календар со прецизност, со голем број означувања и пресеци на камењата и на некои места во опсерваторијата. Опсерваторијата, исто така, им помагала да го одредат времето за жетва и другите датуми“, вели тој.

Археологот Јовица Станковски го откри Кокино пред две и пол години. „Ние пронајдовме голем број керамички предмети на локалитетот, но тие датираа од подоцнежниот период“, вели тој. „Тоа доведува до заклучок дека друга цивилизација дошла на местото, ја уништила цивилизацијата што ја создала опсерваторијата и изградила населба веднаш до неа“, вели Станковски.

Испитувањето на местото ќе продолжи следниот месец, при што се очекува откривање на нови детали за цивилизацијата што ја изградила и користела опсерваторијата Кокино. Холандската фондација обезбеди 4.000 евра за каталог за овој локалитет.

„Министерството за култура, исто така, ќе учествува во подготвувањето на каталогот со 500 евра“, рече Ценев. „Ова, конечно, потврдува дека постои културно наследство во Македонија што треба да се испита.“ Археолозите и астрономите претпоставуваат дека постојат уште три или четири вакви опсерватории во овој регион.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар