ЕУФОР и властите на БиХ започнаа борба против организираниот криминал

03/05/2005

ЕУФОР и локалната власт за спроведување на законот започнаа заедничка операција против прекуграничните шверцери, како и против оние кои ги уништуваат шумите.

Од Антонио Преленда за Southeast European Times во Сараево – 03/05/05

photo

Командантот на ЕУФОР генерал-мајор Дејвид Лики (десно) разговара со екипажот на романскиот хеликоптер по воздушната демонстрација. [Антонио Прленда]

ЕУФОР започна заедничка операција со локалните власти во Босна и Херцеговина (БиХ) за борба против некои видови прекуграничен организиран криминал. Командантот на мировните сили генерал-мајор Дејвид Лики на 15-ти април во Сараево објави дека неговите војници започнаа операција против шверцерите и оние што ги уништуваат шумите во БиХ.

„Оваа недела ЕУФОР започна операција заедно со локалните агенции за спроведување на законот, Управата за индиректен данок, Државната погранична служба, полицијата и други владини агенции за борба против организираниот криминал“, рече Лики. „Помеѓу другите цели, операцијата е насочена против луѓето кои шверцуваат стока преку границата и оние кои нелегално ги уништуваат босанските шуми, за да си ги полнат своите џебови наместо да создаваат приходи за инвестирање во образованието, здравството и инфраструктурата за доброто на граѓаните на БиХ.“

Најавата за ова дојде за време на хеликоптерската демонстрација на ЕУФОР, организирана за медиумите во базата Бутмир. Десет транспортни и помошни хеликоптери од Белгија, Италија, Романија и Велика Британија изведоа основни маневри на напад и ги истоварија војниците од италијанскиот Трет алпини полк. Војниците беа распоредени во БиХ една недела претходно, како дел од резервните сили „преку хоризонтот“, префрлајќи ги возилата, опремата и оружјето од Италија во следните неколку дена. Маневрите претставуваа втора вежба што ЕУФОР ја спроведе оваа година. Претходната вклучуваше баталјони чии командни тимови дојдоа за да спроведат запознавање и планирање како можност во случај да бидат потребни без претходна најава.

Поврзани написи

Loading

„ЕУФОР има 23 хеликоптери, кои може брзо да пренесат еден баталјон одеднаш“, рече Лики. „Овие хеликоптери, исто така, имаат поширока употреба отколку само транспортна: повеќето од нив имаат најразлични современи набљудувачки уреди. Тие може да оперираат дење и ноќе и, се разбира, голем број од нив носат и оружје. Тие не се само воздушно такси за војниците или воздушна амбуланта.“

Лики рече дека некои од хеликоптерите на ЕУФОР летаат во близина на границата на БиХ за да обезбедат видео снимки за различните активности на организираниот криминал. Повеќето операции на ЕУФОР се спроведуваат во тесна соработка со локалните агенции за спроведување на законот.

„Организираниот криминал и корупцијата претставуваат проблем кој ги погодува сите луѓе во оваа земја“, рече Лики. „Криминалните мрежи и нивните паралелни структури ја поткопуваа стабилноста, довербата, растот и благосостојбата на БиХ. Тие се ризик кој може да го загрози напредокот на оваа земја кон интеграцијата со Европа.“

Тој, исто така, ја наведе улогата на овие мрежи во спречувањето на тоа наводните воени злосторници да бидат изведени пред лицето на правдата, истакнувајќи дека БиХ нема да може да ги ужива бенефициите на членството во ЕУ и НАТО сé додека не биде остварена целосна соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства. „Целосна соработка значи предавање на Хаг на сите обвинети за воени злосторници, меѓу кои и Радован Караџиќ и Ратко Младиќ“, рече Лики.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар