Трагедијата на Првата светска војна донесе пријателство на Галиполе

29/04/2005

Турци, Австралијанци и Новозеланѓани се собраа на 25-ти април на полуостровот Галиполе во знак на сеќавање на стотици илјади војници кои загинаа пред 90 години во една од најкрвавите битки во историјата.

Од Алан Кове за Southeast European Times -- 29/04/05

photo

Австралиски морнари присуствуваа на церемонијата на одбележување на Денот Анзак во заливот Анзак на полуостровот Галиполе во понеделникот (25-ти април). [AФП]

На почетокот од оваа недела турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, австралискиот премиер Џон Ховард, новозеландскиот премиер Хелен Кларк, британскиот принц Чарлс и други официјални претставници се собраа на одбележувањето на 90-тата годишнина од Битката на Галиполе, со едноминутно молчење на јужниот влез од стратешкиот Дарданелски теснец.

Со овој настан беше одбележана годишнината од првото пристигнување на австралиските и новозеландските сили, познати како Анзак, на Галиполе за време на Втората светска војна. На традиционалната служба в зори, што се одржува секоја година, присуствуваа Австралијци и Новозеланѓани, ги посетија гробовите и поминаа неколку часа пред надгробните плочи.

Поврзани написи

Loading

Доброволци од Австралија и Нов Зеланд пристигнаа како помош за војската предводена од Велика Британија, која се истовари во 1915 година, во обид да го освои Истанбул, оддалечен 300 километри. Сојузничките сили имаа намера да удрат на Отоманската империја, во сојуз со Германија, и да го отворат турскиот теснец како пат за снабдување за Русија. Мисијата требаше да трае 11 дена. На крајот, Турците цврсто се држеа повеќе од осум месеци, истерувајќи ги сојузничките сили од нивното копно во крвава борба. Во жестоките битки загинаа 250.000 турски војници. Повеќе од 100.000 сојузнички војници, претежно Австралијанци и Новозеланѓани, исто така, загинаа во борбите. Сојузничките сили се повлекоа на 20-ти декември 1915 година.

Ердоган рече дека битката на Галиполе ги научи следните генерации да работат напорно на спречување на војна. „Фактот што се собираме секоја година покажува дека ги научивме потребните лекции од оваа крвава борба, која ја откри темната страна на војната на најблизок можен начин, како и дека ги внесовме високите вредности на мирот во нашите срца“, рече тој. „Ние треба да вложиме повеќе напори за спречување на војната и да дејствуваме со соработка и решителност против елементите што се закануваат на кој било дел од светот.“

За време на церемонијата Кларк рече дека битката кај Галиполе останува длабоко во колективната меморија на нациите што таму се бореле. „Она што се случи во Галиполе, и покрај тоа што поминаа 90 години, сé уште може да шокира“, рече тој, додавајќи дека настанот „одиграл улога во нашето формирање во луѓе и нација каква што сме денес“.

Австралијанскиот министер за ветерански прашања Ане Кели го опиша истоварувањето на Анзак на Галиполе како „определувачки момент“ во историјата на нациите вклучени во војната.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар