Во БиХ отворен Центар за обука за операциите за поддршка на мирот

21/04/2005

Во кампот Бутмир во Сараево овој месец е отворен нов Центар за обука за операциите за поддршка на мирот. Тоа е првата меѓународна институција поврзана со одбраната во Босна и Херцеговина во која членовите на вооружените сили на оваа земја работат рамо до рамо со своите колеги од партнерските нации.

Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 21/04/05

photo

Босански воен офицер пред ЦООПМ. [Антонио Прленда]

Со помош на Велика Британија и 11 донаторски земји Босна и Херцеговина (БиХ) официјално го отвори меѓународниот Центар за обука за операциите за поддршка на мирот (ЦООПМ) на 14-ти април во кампот Бутмир во Сараево.

Центарот, со кој управува данскиот армиски бригаден генерал Хенинг Броекман-Ларсен, ќе спроведува обука од светска класа за операциите за поддршка на мирот за босанските и странските офицери. Целта на центарот е здобивање на идните водачи со раководни способности и воена филозофија заснована на меѓународно прифатена доктрина за поддршка на мировни операции.

Првиот курс се одржа во периодот помеѓу 7-ми февруари и 1-ви април и низ него поминаа 32 офицери од БиХ, како и од шест други партнерски земји.

„Ова е прва меѓународна институција во БиХ поврзана со одбраната во која припадниците на армиските сили на БиХ работат рамо до рамо со нивните колеги од партнерските нации“, рече министерот за одбрана на БиХ Никола Радовановиќ на церемонијата на отворање. „Обуката што ја нуди ЦООПМ ни овозможува да го подобриме, како во квантитет така и во квалитет, придонесот на БиХ во меѓународниот мир и стабилност, што е една од трите главни мисии на вооружените сили.“

БиХ неодамна ја распореди својата петта ротација на деветте воени набљудувачи во ОН во операцијата за поддршка на мирот во Етиопија и Еритреа, како и пет воени набљудувачи во третата ротација на мисијата на ОН во Демократската Република Конго, истовремено подготвувајќи единица за отстранување на експлозивни направи во Ирак.

Поврзани написи

Loading

„Овие активности покажуваат дека БиХ сé повеќе презема обврски како член на меѓународната заедница“, рече Радовановиќ.

ЦООПМ ќе спроведува три осумнеделни курсеви за обука годишно за потполковници, капетани и некои помлади мајори. На секој курс ќе има по 40 студенти, од кои околу 25 отсто ќе бидат меѓународни студенти. Основен курс е Курсот за персонал за операциите за поддршка на мирот (ОПМ). Ќе бидат развиени и други курсеви, како што се специјалистички семинари за високи офицери и нови курсеви и семинари што се од корист за вооружените сили во БиХ или другите делови од безбедносниот сектор на БиХ. Водечкиот персонал доаѓа од партнерските нации, додека петмина воени офицери се од БиХ.

„Ние сакаме овој центар да прерасне во центар што ќе обучува и офицери од соседните земји за операциите за поддршка на мирот“, рече Броекман-Ларсен. „Во тој однос, јас сум мошне задоволен што Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Албанија и Македонија ја прифатија поканата за испраќање на млади офицери за обука во ОПМ тука.“

Трошоците на составувањето на ЦООПМ изнесуваат околу 3 милиони евра. Велика Британија го водеше проектот, со донаторска помош од Данска, Финска, Франција, Унгарија, Холандија, Норвешка, Полска, Шведска, Швајцарија, Турција и САД. Во текот на следните години вооружените сили на БиХ постепено ќе ја преземат водечката улога во ЦООПМ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар