Грчкиот и турскиот министер повикаа на продолжување на мировните разговори за Кипар

29/03/2005

Изгледите за продолжување на кипарските мировни разговори се чини дека се подобрени, по повиците од сите страни заинтересирани за започнување на нова иницијатива за повторно обединување на островот.

(Ројтерс, АФП, Атинска новинска агенција, Кипарска новинска агенција, Хеленик радио, НТВ МСНБЦ - 28/03/05)

photo

„Ние треба да се осигуриме дека овој пат нема да има неуспех. Ние не можеме да си дозволиме уште еден неуспех“, рече грчкиот министер за надворешни работи, Петрос Моливјатис (лево), со генералниот секретар на ОН Кофи Анан во Њујорк. [AФП]

Единаесет месеци откако последните меѓународни напори за повторно обединување на Кипар завршија без успех, грчкиот министер за надворешни работи, Петрос Моливјатис, во понеделникот (28-ми март) побара од генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, да иницира нови мировни разговори. Сличен повик дојде и од Анкара.

По неговиот состанок со Анан во Њујорк, Моливјатис укажа на тоа дека сега постои генерален консензус помеѓу четирите главни засегнати политички страни - кипарските Грци, кипарските Турци, Грција и Турција - со разговорите да се стави крај на 30-годишната поделба на Кипар.

„Ние изразивме мислење дека сега постои приближување на ставовите во смисла дека треба повторно да го започнеме процесот на обединување на островот врз основа на планот на генералниот секретар“, Ројтерс го цитира грчкиот министер за надворешни работи. „И ние треба да се осигуриме дека овој пат нема да има неуспех. Ние не можеме да си дозволиме уште еден неуспех.“

Последната меѓународна иницијатива за пронаоѓање на решение за кипарското прашање пропадна по референдумот во април минатата година, кога кипарските Грци со огромно мнозинство го отфрлија планот на ОН за повторно обединување на островот. И покрај тоа што мнозинството кипарски Турци гласаа за прифаќање на документот, само меѓународно признаениот јужен дел од островот, со кој управуваат кипарските Грци, пристапи во ЕУ на 1-ви мај.

Анан укажа на тоа дека нема да иницира нов круг разговори ако шансите за постигнување на договор се многу мали. ОН, исто така, јасно дадоа до знаење дека очекуваат Никозија да ги специфицира промените што сака да бидат внесени во документот што кипарските Грци го отфрлија минатата година.

Заложбата на Атина за нови меѓународни напори за решавање на кипарското прашање уследи по неодамнешната изјава за јавноста на претседателот на кипарските Грци, Тасос Пападопулос, во која се повикува на нови преговори спонзорирани од ОН.

Поврзани написи

Loading

„Наша желба е разговорите за решавање на кипарското прашање да започнат што е можно побргу, под покровителство на ОН, со поактивно учество на ЕУ во рамките на планот на Анан“, рече водачот на кипарските Грци на 18-ти март.

Во понеделникот турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул го повтори повикот на Анкара за започнување на нова иницијатива од страна на ОН.

Но, тој исто така посочи дека би можело да има одложување во потпишувањето на проширениот протокол за царинска унија со ЕУ, кој сега го вклучува и Кипар. Тој рече дека владата минатиот викенд добила нацрт-текст на документот од Европската комисија, но потпишувањето на истиот би можело да се одложи сé до втората половина од оваа година. Анкара се очекува да започне преговори за членство во ЕУ на 3-ти октомври. Ѓул додаде дека потпишувањето на протоколот нема да значи признавање на владата на кипарските Грци.

„Признавањето на делот на кипарските Грци не доаѓа предвид“, рече тој. „Тоа може да се случи само по воспоставувањето на траен мир.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар