28/03/2005
Во обид да фрли светло врз темниот период од историјата на Романија, музејот во Букурешт изложи десетици слики на поранешниот комунистички водач на земјата, Николае Чаушеску, и неговата жена, Елена.
(Девет часот, Индипендант - 17/03/05; AП - 16/03/05; Wikipedia.org)
![]() Повеќе од 160 слики на Чаушеску се изложени во Националниот музеј на современа уметност во Букурешт. [AФП] |
На 16-ми март во Националниот музеј за современа уметност во Букурешт е отворена изложба на десетици слики на поранешниот комунистички диктатор на Романија, Николае Чаушеску, и неговата жена Елена. Исто така, изложени се и дел од предметите што ги добил брачниот пар за време на нивното 24-годишно владеење. „Ова не претставува лов на вештерки“, рече кустосот на изложбата, Флорин Тудор, за АП. „Ова е студија на еден темен период од романската историја, за кој ние мора да зборуваме.“
Чаушеску дојде на власт во март 1965 година, по смртта на Георге Георгиу-Деј и им даде важни функции во Владата на Елена и другите членови на неговото семејство. Владеењето на семејството заврши со востанието во декември 1989 година. Брачниот пар Чаушеску избега од Букурешт, но на крајот беше уапсен, изведен пред воен суд и убиен од стрелачки одред.
„Општество што ја гради својата иднина мора да го знае и своето минато, онакво какво што било. Ако јас - сведок кој живеел во тие времиња -- не зборувам за нив, тогаш тие кои не живееле ќе си измислат своја верзија на овие факти“, се вели во пораката на поставувачот на изложбата. Посетителите на изложбата можат, исто така, да слушаат и песни за Чаушеску и снимки од неговите говори додека бил на власт.
Додека земјата доживеа големи кризи и ограничувата на потрошувачката во текот на 1980-тите, телевизијата беше ограничена на двочасовна програма на ден, претежно посветена на покривање на говорите на Чаушеску или посетите на местата каде што го пречекувала организирана толпа народ.
Во голем дел од 165-те слики на изложбата починатиот диктатор и неговата жена се прикажани како полубогови. На една слика е насликан Стефан Велики, познат владетел од 16-тиот век, како да излегува од сликата што виси на ѕидот за да й наздрави на брачната двојка Чаушеску со чаша црвено вино. На другите слики диктаторот е во придружба на големите личности од романската историја, како што е Мирчеа Стариот и Михаил Храбриот.
Една слика од 1980-тите го покажува Чаушеску -- веќе во своите шеесетти во тоа време -- како згоден младич. Неговата жена, позната по тоа што секогаш носела пунџа, е насликана со развеана коса и со сини очи, и покрај тоа што нејзините очи биле со лешник боја.
Сите слики се дело на познати романски сликари, од кои некои биле и на важни функции. Меѓу нив е и Влорен Маргиан, поранешен министер за културам, како и Замфир Думитреску, претседател на сојузот на скулптори.
Изложбата, исто така, претставува архива на списанија, весници и книги за комунистичкото време. Таа ќе биде отворена до 22-ри мај.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's