Владата вели дека судските реформи во Македонија бараат уставни промени

21/03/2005

Тим назначен од Владата работи на уставните амандмани потребни за реформа на судството во Македонија. Според експертите, зголемените ефикасност и одговорност на судовите се сметаат за клучен дел од процесот за пристап во ЕУ. Тие ќе бидат од корист и за јавноста.

Од Марија Лазарова за Southeast European Times во Скопје -- 03/21/05

photo

Претседателот на македонскиот Врховен суд, Дане Илиев, изјави дека треба да се работи и на амандманите на законите што се однесуваат на судовите и судската организација. [Архива]

Експерскиот тим назначен од Владата, кој работи на амандманите на македонскиот устав, наводно, го одложи поднесувањето на истите до Министерството за правда. Тимот требаше да ги достави предлог-амандманите до неделата (20-ти март).

Измените на уставот треба да резултираат со поголема независност и ефикасност на судскиот систем, како и со измени во организацијата на судовите. Судските реформи се сметаат за клучен услов за Македонија во нејзиното приближување до пристап во ЕУ.

„Амандманите на уставот ќе бидат ограничени само на судството“, рече министерот за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска. „Станува збор за важни амандмани кои ќе обезбедат поголема независност и подобро работење на судските тела.“

Според акциониот план на Владата за реформи во судството, амандманите мора да бидат усвоени до крајот на оваа година. Експертскиот тим кој работи на нив го сочинуваат следните професори по право: Рената Дескоска-Тренеска, Татјана Каракамишева и Саво Климовски. Истовремено, Министерството за правда подготвува закон кој ќе биде потребен како резултат на овие амандмани.

„Независноста и ефикасноста ќе бидат двата клучни елементи во уставните амандмани“, рече Дескоска-Тренеска. „Независноста на судството мора да се реши со уставни амандмани бидејќи таа е загарантирана со начинот на избирање, на разрешување и на унапредување на судиите.“

Поврзани написи

Loading

Таа додаде дека постојните уставни одредби во врска со Републичкиот судски совет -- кој ги номинира судиите за кои потоа гласаат пратениците -- резултираат со тоа што Советот е функција на Парламентот или на мнозинството политички партии во Парламентот.

„Амандманите се, исто така, неопходни за начинот на избирање на судиите, како и на членовите на Републичкиот судски совет. Сметам дека ќе биде подобро ако мнозинството членови на Советот ги избираат судиите во директно гласање, наместо членовите на Парламентот, како што е сега регулирано со уставот,“ рече Дескоска-Тренеска. „Исто така од суштинска важност е да се регулира принципот на разрешување на судиите со цел тие да се уверат дека не можат да бидат разрешени од страна на идната политичка администрација ако се, условно речено, политички несоодветни.“

Политичките партии треба да бидат свесни за значењето на амандманите не само за процесот на европска интеграција, туку и за обичниот граѓанин, кој мора да се соочува со политички пристрасни судии и со неефикасни судски процеси, рече Дескоска-Тренеска.

Претседателот на македонскиот Врховен суд, Дане Илиев, рече дека е важно да се работи на законите за судот и за организацијата на судовите, паралелно со работата на овие амандмани. „Очигледно е дека сегашниот принцип за судија кој е компетентен и одговорен за сé мора да претрпи промени“, рече Илиев.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар