ЕУ вели дека Хрватска мора да го уапси Готовина за да може да започнат разговорите

17/03/2005

Разговорите за пристап на Хрватска во ЕУ се одложени поради нецелосната соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. ЕУ јасно даде до знање дека апсењето и предавањето на Анте Готовина, обвинет во бегство, е основен услов за започнување на процесот.

(Блумберг, Гардијан, СНН - 16/3/05; Ројтерс, АФП - 15/03/05)

photo

Хрватскиот премиер Иво Санадер одржа прес-конференција по последниот обид да ја убеди Комисијата за надворешни работи на ЕУ за започнување на разговорите за пристап и покрај бегалскиот статус на Анте Готовина. [AФП]

Министрите за надворешни работи на ЕУ во средата (16-ти март) објавија дека разговорите за пристап со Хрватска, кои требаше да започнат в четврток, се одложени, поради тоа што земјата не го екстрадираше пензионираниот генерал Анте Готовина, обвинет од Хашкиот трибунал. Ова е првпат Унијата да го одложи почетокот на разговорите со земја-кандидат поради прашање на човекови права и овој потег се смета за сигнал до останатите поранешни југословенски држави, како и до Турција.

„Хрватска работи повеќе од кога и да е“, рече министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, на прес-конференцијата по претседавањето со состанокот. „Нов датум не одредивме . Вратата е отворена за Хрватска и разговорите би можеле да започнат за еден месец.“

Данскиот министер за надворешни работи, Пер Стиг Молер, рече дека Унијата мора да ги награди земјите што соработуваат со Трибуналот и да ги казни оние што не соработуваат. „Ако речеме ,па и не е толку важно’, ќе биде тешко да бараме континуирани напори за фаќање на [Ратко] Младиќ и [Радован] Караџиќ“, рече Молер. Ако й се дозволи на Хрватска да започне разговори без да го уапси Готовина, тоа ќе испрати нејасна порака до оние кои се предале, како што е поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, додаде тој.

Хрватските официјални претставници инсистираат на тоа дека Готовина не се наоѓа во земјата -- тврдење што го повтори и премиерот Иво Санадер за време на последниот обид за лобирање со посетата на Брисел. Тој рече дека неговата земја го исполнила клучниот критериум на ЕУ за целосна соработка со Трибуналот и дека преговорите треба да започнат според планираното.

Но, главниот обвинител на ОН, Карла дел Понте, инсистира на тоа дека Загреб не направил доволно за соработка со нејзината канцеларија.

Поврзани написи

Loading

„Тие не ме убедија дека е направено сé за пронаоѓање на бегалецот“, пишува Дел Понте во писмото испратено за Луксемург, земјата што моментно претседава со ЕУ.

Во двата последни извештаи за ЕУ таа вели дека Готовина -- кој се соочува со обвиненија за убиство на 150 етнички Срби и за протерување на 150.000 други лица за време на офанзивата против српските сили во 1995 година -- е „на дофат на хрватските власти“.

За започнување на разговорите за пристап потребна е едногласна одлука на 25-те земји-членки на ЕУ. Мал број држави -- меѓу кои Австрија, Унгарија и Словенија -- се за започнување на разговорите в четврток без предавање на Готовина.

Хрватска, според општото мислење, е економски подобро подготвена отколку сегашните земји-кандидати Романија и Бугарија. Ако ги започне разговорите за пристап до крајот на оваа година, Хрватска има шанси за пристап до 2009 или 2010 година.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар