Поранешен висок босански генерал се соочува со обвиненија за воени злосторства

24/02/2005

Пензионираниот генерал Расим Делиќ изјави дека ќе му се предаде на Хашкиот трибунал за воени злосторства за да се соочи со обвиненијата поврзани со активностите на единицата на исламски доброволци за време на конфликтот во БиХ.

Од Антонио Прленда за Southeast European Times во Сараево – 24/02/05

photo

Поранешниот командант на армијата на босанските Муслимани, Расим Делиќ, на 28-ми февруари изјави дека ќе му се предаде на Хашкиот трибунал. Тој е обвинет во врска со воените злосторства извршени за време на босанскиот конфликт. [AФП]

Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во четвртокот (24-ти февруари) објави дека покренал обвиненија против воениот командант на армијата на босанските Муслимани. Овој потег уследи по најавата на генерал Расим Делиќ во вторникот дека следната недела доброволно ќе му се предаде на Хашкиот суд.

Делиќ, кој е моментно главниот воен советник на босанскиот член на трипартитното Претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ), Сулејман Тихиќ, е обвинет дека ја сноси индиректната командна одговорност за воените злосторства извршени против цивилите и воените затвореници, вклучувајќи и мачење и убиство на затвореници од босанските Срби во логорот Каменица во долината Гостович.

Злосторствата се изврешени во периодот помеѓу 1993 и 1995 година од страна на воената единица Ел Муџахид, составена од борци од исламските земји кои дојдоа во БиХ за време на конфликтот за да им помогнат на силите на босанските Муслимани. Единицата беше под команда на Третиот корпус на Армијата на Република БиХ (АРБиХ). Во тоа време генерал Делиќ беше командант на Врховната команда на АРБиХ.

Поврзани написи

Loading

Според обвинението, затворениците од босанските Срби чувани во Каменица биле измачувани со електрични шокови и воздушни цевки под висок притисок. Друг настан се случил во септември 1995 година, кога војници на АРБиХ фатиле десетици војници и цивили од босанските Срби, меѓу кои и три жени. Тие биле, исто така, одведени во логорот Каменица. Сите шеесеттина војници се водат за исчезнати или се претпоставува дека се мртви, додека жените биле мачени и силувани, АП го цитира обвинението.

Третото обвинение се однесува на еден инцидент дента кога Делиќ ја презел командната функција. Според МКТЈ, борците на Ел Муџахид „неселективно отвориле оган“ врз група затвореници од босанските Хрвати, по нападот врз селото Малине во општина Травник.

МКТЈ веќе му суди на првиот командант на Третиот корпус на АРБиХ, генерал Енвер Хаџихасановиќ, како и на командантот на Седмата муслиманска бригада, Амир Кубура, за воени злосторства извршени од страна на Ел Муџахид. Во септември 1995 година, за време на операцијата на третиот и вториот корпус за ослободување на селото Вужуца, единицата Ел Муџахид беше распоредена зад непријателските линии и изврши насилства врз цивилите од босанските Срби, како и врз воените затвореници.

Босанските власти веќе изразија поддршка за Делиќ, тврдејќи дека АРБиХ генерално се придржувала на меѓународните воени конвенции.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар