Историскиот центар на Букурешт ќе биде реконструиран

17/02/2005

Реновирањето на центарот на Букурешт треба да започне ова лето. До датумот кога Романија ќе стане членка на ЕУ нејзиниот главен град ќе има почист и поатрактивен центар.

Од Разван Амариеи за Southeast European Times во Букурешт – 17/02/05

photo

Реконструкцијата на центарот на Букурешт се планира да започне ова лето и ќе трае 18 месеци. [Архива]

Центарот на Букурешт наскоро ќе стане големо градилиште, со започнувањето на амбициозниот проект за негова реконструкција. Кога ќе биде комплетиран проектот, центарот на градот на површина од 57 хектари - за кој се смета дека има значителен трговски потенцијал - ќе има реновирани згради, нов водовод, систем за гас и канализација, улици без дупки, делови само за пешаци, подобри паркинзи и уште многу во смисла на продавници, барови и ресторани.

Работите треба да започнат ова лето и ќе траат 18 месеци. Крајниот рок е 1-ви јануари 2007 година, денот кога Романија треба да влезе во ЕУ. Трошоците за проектот, кои изнесуваат околу 28 милиони евра, ќе бидат обезбедени главно од странски извори, вклучувајќи и кредит од ЕБРД и субвенција од програмата ФАРЕ на ЕУ, како и од градоначалничкиот буџет на Букурешт.

Според општинските власти реконструкцијата има за цел „обнова на поранешниот аспект на областа, но со модерни објекти“, преку зачувување на археолошкото и архитектонското наследство со истовремено поттикнување на реновирањето на приватните згради. Локалните власти ветија изземање од даноци за оние кои ќе ги реновираат своите куќи во историскиот центар. „Тоа би требало да биде поддршка за оние кои инвестираат во реновирањето“, рече Ливиу Негоита, градоначалникот на третата област на Букурешт.

Нашите цели вклучуваат намалување на загадувањето и метежот во сообраќајот и помагање на ревитализацијата на традиционалните бизниси во оваа област.

Поврзани написи

Loading

За време на комунизмот, историскиот центар - кој содржи станбени згради стари повеќе стотоци години, рушевините на кралскиот суд изграден пред повеќе од пет века од страна на императорот Влад д Импалер и средовековните цркви и гостилници - беа запоставени. Становите беа национализирани и станаа општествени. Продавниците, рестораните и канцелариите беа, исто така, конфискувани и областа го загуби својот старовремски шарм.

По падот на режимот во 1989 година малку работи се променија. „Стандардот на трговските активности во оваа област континуирано се намалуваше, при што единствен позначаен елемент беше отворањето на некои спортски простори во засводените подруми на зградите од 19-тиот век“, вели архитектот Владимир Винеа. „Поголем дел од проблемите на Букуреш со домувањето се поврзани со историскиот центар - физичка деградација, несигурен правен статус или незаконско користење на некои згради и станови.“

Покрај тоа, лошата состојба со транспортот, комуналните претпријатија и комуникациската инфраструктура ги обесхрабрија големите инвестирања во оваа област. Ова драстично ќе се смени на подобро во текот на следните две години, ветуваат властите.

„Мора да почнеме со работата што е можно побргу со цел да ја спречиме деградацијата на историскиот центар. Оваа област е бизнис картата на Букурешт“, рече романскиот претседател Трајан Башеску.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар