Бугарија подготвува нова Национална стратегија за безбедност

16/02/2005

Бугарија подготвува нова Национална стратегија за безбедност, која, најверојатно, ќе биде усвоена во јуни. Важно советничко тело со кое претседава претседателот на земјата во вторникот расправаше околу нацрт-документот и даде некои препораки.

(БТА, БНН, Софиска новинска агенција, Дневник, Медиапул, Официјална веб-страница на бугарскиот претседател - 15/02/05)

photo

Претседателот Георги Парванов ги повика политичките сили во Бугарија да постигнат консензус околу новата национална стратегија за безбедност на земјата. [AФП]

Бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност (КСНБ) се состана во вторникот (15-ти февруари) на разговори околу нацрт-стратегијата за безбедност, која се очекува да биде усвоена од страна на Парламентот пред завршувањето на неговиот четиригодишен мандат во средината на јуни. Новата Национална стратегија за безбедност (НСБ) ќе ја замени онаа што е на сила од 1998 година и ќе ја одредува политиката на земјата во голем број клучни области во следната деценија.

Оценката на Советот во врска со предложената страгија е позитивна, се цитира изјавата на претседателот Георги Парванов, кој претседава со КСНБ, по состанокот во вторникот.

Генерално, нацрт-стратегијата за безбедност е во согласност со голем број документи на НАТО и на ЕУ и истата ги покажува можностите за интегриран национален одговор на ризиците, заканите и предизвиците на новиот век, се вели во изјавата на КСНБ.

Советот претставува советодавно дело кое го сочинуваат владини министри и функционери, шефови на агенцијата за безбедност, воени команданти и водачи на партиите застапени во Парламентот.

Сепак, Парванов и другите учесници на состанокот, исто така, укажаа на одредени недостатоци и пропусти во нацрт-документот, одобрен од страна на Владата на 6-ти јануари, кои треба да бидат решени пред истиот да биде ставен на гласање. Советот, исто така, се согласи дека финалниот документ на КСНБ треба да се фокусира повеќе на прашањата од значаен интерес за јавноста, меѓу кои и демографските и етничките прашања, интеграцијата на малцинските заедници и спречувањето на нетолеранцијата и ксенофобијата.

Поврзани написи

Loading

Според КСНБ, стратегијата треба да „посвети поголемо внимание на неутрализирањето на конвенционалниот криминал кој им се заканува на обичните граѓани, на нивните животи, здравјето и имотот“. Телото, исто така, ја наведува и потребата од премостување на економскиот и дигиталниот јаз помеѓу Бугарија и индустриските земји, зголемување на животниот стандард, спречување на „одливот на мозоци“ и модернизирање на науката и образованието.

Откако ќе биде одобрен, документот ќе послужи како основа за легислативата и политиката во доменот на националната безбедност, вклучувајќи ја тука и бугарската воена доктрина и учеството во воените операции во странство, како и други важни области. Парванов побара од политичарите да постигнат политички консензус.

„Тоа е неопходно бидејќи ваков документ ќе биде спроведуван од страна на повеќе од една идна влада“, рече Парванов.

Претседателот на опозицискиот Сојуз на демократски сили (СДС), Надежда Михајлова, се согласи со Парванов и рече дека нејзината партија планира да свика состанок на експерти од различни политички партии. Усвојувањето на бугарската стратегија за безбедност треба да се заснова на консензус, бидејќи единствено под тој услов истата може да обезбеди заштита на националните интереси на земјата како земја-членка на НАТО и идна членка на ЕУ, рече таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар