Српскиот претседател го посети Косово

14/02/2005

За време на првиот ден од својата турнеја низ Косово српскиот претседател Борис Тадиќ повика на помирување и ставање крај на омразата и уништувањето, истовремено барајќи од меѓународната заедница да обезбеди дополнителни гаранции за Србите во провинцијата.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 14/02/05

photo

Српскиот претседател Борис Тадиќ (во средината) се поздравува со шефот на УНМИК, Сорен Јесен-Петерсен (десно), во присуство на командантот на КФОР, Ив де Кермабон. Тадиќ се наоѓа во дводневна посета на Косово. [Лаура Хасани]

Српскиот претседател Борис Тадиќ во неделата (13-ти февруари) ја започна дводневната посета на Косово, прва на еден српски шеф на државата по завршувањето на конфликтот во 1999 година. Повикувајќи на помирување, тој, исто така, побара поголема безбедност за косовските Срби и го повтори спротивставувањето на Белград на независноста на провинцијата.

„Во историјата на Балканот има многу омраза и уништување, вклучувајќи ги и Косово и Метохија, и тоа мора да престане“, рече Тадиќ. „Сакам да дадам целосен придонес за мирно решавање на проблемот, но сакам да кажам дека нема да се откажам од борбата за легитимните интереси на српскиот народ.“

Во градот Стрпче Тадиќ го повика УНМИК да обезбеди дополнителни гаранции за безбедноста на Србите и народот од друго етничко потекло што живее во Косово, ветувајќи дека ќе стори сé што е во негова моќ за да им го обезбеди „правото да живеат и преживеат“. Тој изнесе слични пораки и пред жителите на српските населби во Силово, Велика Хоча и Приштина. В понеделник тој ќе посети два манастири, како и српските енклаци во централно Косово.

Повеќе од 200.000 Срби го напуштија Косово по завршувањето на конфликтот таму. Во провинцијата денес живеат околу 90.000 Срби.

На состанокот во неделата со Тадиќ шефот на УНМИК Сорен Јесен-Петерсен изрази надеж дека посетата на Тадиќ ќе испрати позитивен сигнал во врска со подготвеноста на Белград „за градење на мостови на доверба“. Тој, исто така, побара од српскиот претседател да ја искористи својата посета за целосно да се запознае со ситуацијата и да ја искористи можноста за да се сретне со претставниците на сите заедници во Косово.

Посетата на Тадиќ ќе помогне за решавање на проблемот со прекинот на електричната енергија во српските села, рече Јесен-Петерсен.

Поврзани написи

Loading

Истакнувајќи дека косовските власти и меѓународните институции во провинцијата ќе ги продолжат своите напори и ќе остана посветени на спроведувањето на стандардите, тој, исто така, ги наведе областите каде што е потребен напредок -- конкретно, обезбедување на слобода на движењето и враќање на раселените лица.

Jесен-Петерсен повторно повика на целосно учество на косовските Срби во политичкиот и демократскиот процес во Косово. Тој и Тадиќ, исто така, разговараа за реконструирањето на православните цркви и манастири што беа уништени за време на насилствата минатиот март.

Во другите вести, шефот на Канцеларијата на Британскиот конзулат во Приштина во понеделникот изјави дека Белград мора да биде вклучен во секој процес кој има за цел одредување на конечниот статус на Косово. „Позицијата на британската Влада е јасна. Белград мора да биде вклучен во дефинирањето на конечниот статус“, изјави Марк Дикинсон за белградскиот дневен весник Вечерње новости.

„Албанците мислат дека Косово треба да биде независно во рамките на постојните граници, додека Србите мислат дека тоа мора да остане во Србија во тие граници. Нашиот став е дека Косово мора да биде мултиетничко, со функционална економија и институции и дека мора да се почитува законот“, рече Дикинсон.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар