Папуљас избран за претседател на Грција

09/02/2005

Грчкиот Парламент го избра ветеранот од социјалистите и поранешен министер за надворешни работи, Каролос Папуљас, за следниот претседател на земјата. Тој ќе дојде на местото на Костис Стефанопулос на 12-ти март.

(Атинска новинска агенција, Њујор тајмс - 09/02/05; АП, АФП, Атинска новинска агенција, Македонска новинска агенција, Хеленик радио - 08/02/05)

photo

Парламентот во вторникот (8-ми февруари) го избра Каролос Папуљас за нов претседател на Грција. [AФП]

Огромно мнозинство грчки парламентарци во вторникот (8-ми февруари) гласаа за политичкиот ветеран од социјалистите, Каролос Папуљас, да биде следниот претседател на земјата. Поранешниот министер за надворешни работи и долгогодишен парламентарец ќе положи свечена заклетва на 12-ти март, кога истекува вториот петгодишен мандат на претседателот Костис Стефанопулос.

Еден од основачите на главната опозициска партија, Панелинистичко социјалистичко движење (ПАСОК), 75-годишниот Папуљас беше номиниран за местото од страна на премиерот Костас Караманлис, водачот на грчката конзервативна партија Нова демократија (НД).

Како израз на консензус без преседан во вторникот вечер, 279 пратеници во законодавниот дом составен од 300 парламентарци, гласаа за Папуљас, кој беше единствениот кандидат за претседател. Со ова беше надминат претходниот рекорд од 269 гласови, поставен пред пет години, кога Стефанопулост доби втор мандат.

„Сметам дека консензусот претставува достигнување за нашата политичка култура и барање на грчкото општество за сите важни прашања што ја засегаат нашата земја“, рече Папуљас откако претседателот на Парламентот, Ана Псаруда-Бенаки, го информираше дека е избран. Градењето на фер и понесебично општество, рече тој, претставува колективна цел, која бара „политичка зрелост и интегритет, сензибилитет и чувствителност во јавниот живот“.

„Почитувајќи ги мислењата на сите политички партии и претставници на грчкиот народ, изразувам искрена брагодарност за оваа голема чест, која ја прифаќам со чувство на одговорност“, рече новоизбраниот претседател.

Во своето обраќање пред пратениците на НД во вторникот изутрина, Караманлис го пофали Папуљас како карактерен и доблесен човек, опишувајќи го, исто така, и како искусен и одговорен политичар, кој се залага за консензус, способен за соработка со политичките сили и избегнување на политички непријателства.

„Изборот на Папуљас ќе биде од корист за целиот грчки народ“, рече премиерот, гледајќи на тоа како на начин за зајакнување на националното единство.

Изборот од вторникот ќе му овозможи на Караманлис да го заврши својот четиригодишен мандат. Според грчкиот устав, ако Парламентот не го избереше наследникот на Стефанопулос во три круга гласање, ќе мораше да се спроведат општи избори.

Поврзани написи

Loading

По професија правник, Папуљас за првпат е избран за член на Парламентот во 1977 година и е пратеник повеќе од 20 години. Во текот на својата кариера тој, исто така, вршел најразлични функции во Министерството за надворешни работи во владите на ПАСОК, вклучувајќи ја и функцијата заменик-министер за надворешни работи од 1981 до 1989 година и министер за надворешни работи од 1993 до 1996 година.

Еден од неговите најголеми дипломатски успеси, според Њујорк тајмс, се случи во 1995 година, кога тој одигра главна улога во посредувањето за ослободување на 75 претставници на ОН држени во заложништво од страна на босанските Срби во Пале. Тој, исто така, се залагаше за мерки за градење на доверба со Турција.

Папуљас ќе биде шестиот претседател на Грција по падот на воениот режим и враќањето на демократијата во 1974 година. Една анкета, спроведена во декември од страна на атинската агенција за испитување на јавното мислење „Капа“, покажа дека скоро 80 отсто од Грците ја поддржуваат неговата номинација за претседател.

Стефанопулос ќе отстапи од функцијата со рејтинг на популарност од 93 отсто, кој се опишува како рекорд во грчката политика.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's