Судот за воени злосторства во БиХ ќе ги преземе случаите овој месец

08/02/2005

Предавањето на зградата со безбедната судница претставува последниот чекор во 15-месечниот проект за судење на случаите на воени злосторства во БиХ.

Од Бет Кампшрор за Southeast European Times во Сараево - 08/02/05

photo

Првиот случај треба да започне во новата судница до средината на овој месец, изјави министерот за правда на БиХ, Слободан Ковач. [Бет Кампшрор]

Свежо бојадисаната зграда со сосема нова безбедна судница им беше предадена на судските власти на Босна и Херцеговина (БиХ) на 26-ти јануари, со што е отворен патот за отпочнување на преземањето на случаите за воени злосторства од страна на судот на земјата подоцна овој месец.

„Оваа зграда, исто така, ќе послужи за судење на воени злосторства, олеснувајќи го градењето на одржлив и траен мир во оваа земја“, рече шефот на делегацијата на Европската комисија (ЕК) во БиХ, Мајкл Хемфрис.

Реновирањето на зградата во комплексот на државниот суд во Сараево, кое чинеше 2,2 милиони евра и го финансираше ЕК, претставува последниот дел од подготовките на судот за воени злосторства во БиХ за судење на случаите од конфликтот во периодот 1992-1995 година.

Планот за отворање на суд за воени злосторства во рамките на државниот суд на БиХ, кој започна сериозно во есента 2003 година, беше поттикнат од притисокот од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) за комплетирање на својата работа до 2010 година.

Стратегијата на Трибуналот вклучуваше континуитет во судењето на високи воени и политички водачи, а судот во БиХ да ги суди луѓето и случаите од средните и ниските класи. И покрај преземањето на случаите предадени од страна на МКТЈ, обвинителите на судот во БиХ, исто така, ќе покренуваат обвиненија кои ќе произлегуваат од нивните сопствени истраги.

Осум меѓународни судии и пет меѓународни обвинители ќе работат заедно со судиите и обвинителите од БиХ во текот на транзициониот период од неколку години. Во тек се наименувањата на судските позиции.

Што се однесува на самите случаи, обвинителската канцеларија на БиХ ги разгледува досиејата испратени од МКТЈ и ги подредува во категориите „чувствителни“ и „многу чувствителни“, според критериумот за кој беше постигната согласност од страна на конзорциумот на професионалци од правниот систем на БиХ, МКТЈ и Канцеларијата на високиот претставник. Многу чувствителните досиеја -- на пример: геноцид, мачење, повеќекратни убиства и повеќекратни силувања -- ќе му бидат предадени на државниот суд. Чувствителните случаи ќе одат во судовите на ентитетот, кантонските и општинските судови.

Судењето на првиот случај треба да започне во новата судница до средината на овој месец, рече министерот за правда на БиХ, Слобода Ковач.

Поврзани написи

Loading

„Има мал проблем со единицата за притвор и затвор, но откако [ќе се разработи] новата логистика проблемот ќе биде решен“, рече тој.

Во рамките на проектот за судот за воени злосторства најпрво беше предложено градење на нов затвор под покровителство на централната Влада, со оглед на тоа што затворите во БиХ моментално се под покровителство на двата ентитета. Кога се покажа дека тоа е скапо, планерите се изборија за изградба на привремен затвор од 31 легло во комплексот судски згради, кој е сега скоро завршен. Тој треба да биде готов за затворениците до започнувањето на работата на судот.

Со оглед на фактот што планот за судот за воени злосторства беше обелоденет пред една година, Ковач рече дека проектот брзо напредува. Финансиската и техничката помош од меѓународната заедница се покажа како основна, рече тој.

„Ова е сосема нова ситуација и ние сме изненадени од напредокот кој е постигнат во кус период, во однос на материјалните и процедуралните услови за спроведување на случаите“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар