Таричеану ќе разговара за пристапот на Романија во ЕУ за време на својата посета на Брисел

24/01/2005

Романскиот премиер Калин Попеску Таричеану во понеделникот ја започна својата прва посета на Брисел, за време на која ќе разговара за пристапот на неговата земја во ЕУ и ќе се обиде да ги ги убеди официјалните претставници таму дека неговата Влада вложува максимални напори за исполнување на условите за влез во 2007 година.

(Pressreview.ro - 24/01/05; AФП, Медиафакс, Евениментул Зилеи - 23/01/05; РФЕ/РЛ - 21/01/05; Ројтерс, Еурактив, Интелињус - 20/01/05)

photo

Премиерот Калин Таричеану ќе разговара за напредокот на неговата земја кон членството во ЕУ за време на својата посета на Брисел. [AФП]

Романскиот премиер Калин Попеску Таричеану во понеделникот (24-ти јануари) ги започна своите први разговори со највисоките претставници на ЕУ, помалку од еден месец по преземањето на функцијата. Целта на неговата дводневна посета на Брисел е да ги презентира своите приоритети и да го убеди шефот на Европската комисија (ЕК) и другите дека Владата вложува максимални напори за исполнување на условите за влезот на Романија во ЕУ во 2007 година.

„Членството во ЕУ претставува апсолутен приоритет на нашата Влада“, АФП го цитира Таричеану во неделата, пред неговото заминување за белгискиот главен град, негова прва посета на Брисел откако беше избран за премиер на крајот од декември. Тој ја предводи делегацијата во состав: министерот за надворешни работи, Разван Унгуреану, министерот за внатрешни работи, Василе Блага, и министерот за правда, Моника Маковеи.

Романија ги заврши своите разговори за членство со Унијата минатиот месец и треба да ја потпише својата спогодба за пристап на 25-ти април, пред да влезе во блокот од 25 нации во јануари 2007 година, заедно со Бугарија.

Според клаузулата со заштитни мерки, која ќе биде вклучена во нивните спогодби за пристап, сепак, влезот на двете земји во Унијата би можел да биде одложен за една година, ако тие не успеат да ги исполнат реформите потребни за усогласување со стандардите на ЕУ. За одлуката за стапување на сила на клаузулата со заштитни мерки потребна е поддршка од сите 25 земји - членки на ЕУ.

Некои клучни услови кои Романија мора да ги исполни се: разбивање на раширената корупција, спроведување на судските реформи и подобрување на конкурентноста.

Во соопштението на прес-службата на Владата се вели дека за време на неговите разговори во Брисел премиерот ќе ги конкретизира чекорите кои властите ги планираат со цел да го задржат курсот на земјата кон членството во ЕУ. Претстојното потпишување на Спогодбата за пристап на Романија ќе биде уште една точка на агендата.

Таричеану ќе се состане со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, в понеделник попладне. Други официјални претставници со кои треба да се состане се: претседателот на Европскиот парламент, Џозеф Борел, со претставниците на различни политички групи во законодавниот дом на ЕУ и со неговиот белгиски голега, Гај Ферхофштат.

За време на посетата на романската делегација на Брисел, Маковеи се очекува да разговара со официјалните претставници на ЕУ околу мерките кои Владата планира да ги преземе со цел да осигури независност и поголема ефикасност на судството, како и за чекорите кон исполнување на другите обврски преземени за време на разговорите за поглавјето на преговорите поврзано со правдата и домашните работи.

Поврзани написи

Loading

Според романската новинска агенција Медиафакс, Букурешт до март ќе ја презентира својата нова реформска стратегија и акциониот план за судскиот систем.

Изразувајќи убедување дека неговата земја ќе ги исполни условите за членство, Таричеану претходно овој месец вети дека ќе ги преземе неопходните чекори за постигнување на таа цел.

Минатата недела тој им нареди на своите министри да ги проверат сите јавни договори потпишани од страна на претходната влада за да се елиминира секаков можен случај на корупција. Помеѓу нив е и договорот за погранична безбедност, вреден една милијарда евра, потпишан со Европското претпријатие за аеронаутичка одбрана и вселена, проектот за изградба на патишта вреден 480 милиони евра, потпишан со француското градежно претпријатие БТП Винчи и договорот за изградба на патишна вреден 2,5 милијарди евра, потпишан со американското претпријатие Бектел.

Таричеану ја критикуваше претходната администрација дека на претпријатијата им доделувала договори без тендер, или склучувала договори во кои победничкото претпријатие било единствен понудувач.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар