Поради несоработката со МКТЈ, САД ја суспендираа помошта за Србија и Црна Гора

14/01/2005

САД одлучија да ја повлечат помошта во висина од 10 милиони американски долари за Србија и Црна Гора поради несоработката со Трибуналот на ОН за воени злосторства, вклучувајќи го и неапсењето и непредавањето на Ратко Младиќ и другите обвинети за воени злосторства.

(Ројтерс, ВОА, Биг њус нетворк - 14/01/05; Американски Стејт департмент, АП, АФП, УПИ - 13/01/05; Бета - 12/01/05)

photo

„Како резултат на континуираната несоработка, државниот секретар одлучи да не ја одобри помошта во висина од 10 милиони американски долари за фискалната година 2005“, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер. [AФП]

Американскиот државен секретар Колин Пауел во четвртокот (13-ти јануари) одлучи да ја повлече помошта во висина од 10 милиони американски долари за Србија и Црна Гора за фискалната година 2005, како резултат на континуираната несоработка на земјата со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ). Ова сума е придодадена на повеќе од 16 милиони американски долари кои беа повлечени минатата година од истите причини.

Во 2002 година американскиот Конгрес го одобри тригодишниот пакет економска и финансиска помош вреден околу 100 милиони американски долари, како поддршка за заздравување на Србија и Црна Гора од балканските конфликти во 1990-тите. Сепак, доделувањето на овие средства беше условено со периодичните потврди од страна на државниот секретар дека Белград соодветно го поддржува МКТЈ.

Бараната соработка вклучува обезбедување на пристап за инспекторите до документите и сведоците, како и предавање на обвинетите за воени злосторства што ги бара МКТЈ.

Во март 2004 година државниот секретар одби да му потврди на Конгресот дека Србија и Црна Гора соработува со Трибуналот, соопшти порпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер, во својата писмена изјава во четвртокот. Затоа, значителен дел од планирата помош за периодот по 31-ви март 2004 година беше повлечен.

„Од одлуката на државниот секретар минатиот март досега, не е постигнато подобрување во однос на соработката на Србија и Црна Гора со Трибуналот“, се вели во изјавата.

Потегот од четвртокот се смета за знак за сé поголемата разочараност на Вашингтон од Владата на премиерот Воислав Коштуница, кој се спротивстави на апсењето на обвинетите за воени злосторства, залагајќи се, наместо тоа, за нивно доброволно предавање.

Во последниве месеци Белград е изложен на сé поголем притисок за апсење и предавање на обвинетите од страна на Трибуналот на ОН. ЕУ и НАТО ја поставија соработката на Белград со МКТЈ, особено екстрадицијата на поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ на Хаг, како клучен услов за евро-атланската интеграција на Србија и Црна Гора.

Младиќ и поранешниот политички водач на босанските Срби, Радован Караџиќ, се наоѓаат на врвот на листата на обвинети од страна на МКТЈ, кои сé уште се наоѓаат на слобода. Неодамнешните откритија покажаа дека Младиќ добивал пензија од Армијата на Србија и Црна Гора, од која се пензионирал во 2001 година -- шест години по првичното обвинение од страна на Трибуналот на ОН за воени злосторства.

Поврзани написи

Loading

Баучер рече дека Пауел е подготвен повторно да ја разгледа одлуката од средата, под услов белградските власти да преземат дејство за апсење и предавање на обвинетите.

„Ги повикуваме властите во Белград целосно да соработуваат со Трибуналот со тоа што ќе ги уапсат и предадат обвинетите бегалци, особено Ратко Младиќ, со цел да се соочат со правдата во Хашкиот трибунал“, рече порпаролот.

Во меѓувреме, додаде тој, САД ги разгледуваат алтернативните начини за користење на помошта наменета за Србија и Црна Гора. „Во подготвувањето на пакетот помош за оваа година, ние ги пренасочивме средствата од централната Влада, фокусирајќи ги нашите 73,6 милиони американски долари на организациите и програмите надвор од централната Влада, кои се посветени на реформите“, истакна Баучер.

Во средата белградската новинска агенција Бета го цитираше српскиот министер за локална администрација, Зоран Лончар, кој е, исто така, и член на Советот за соработка на Србија и Црна Гора со МКТЈ, дека властите „наскоро ќе ги исполнат сите обврски кон Хашкиот трибунал, вклучувајќи ја и екстрадицијата на обвинетиот“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар