Според Европскиот центар за малцински прашања, учењето на јазиците во Македонија би можело да го зајакне меѓуетничкото разбирање

06/01/2005

Работната група за образование препорачува воведување на алтернативно билингвално образование во македонскиот образовен систем. Заедничките активности надвор од наставниот план и изучувањето на два или повеќе јазици ќе помогне во промовирањето на подобро разбирање помеѓу етничките заедници, вели групата.

Од Марија Лазарова за Southeast European Times во Скопје -- 06/01/05

photo

Работната група препорачува учениците кои учат на македонски јазик да научат уште еден од јазиците на етничките заедници во земјата. [AФП]

Во новиот извештај работната група за образование на Иницијативата за политички дијалот на Европскиот центар за малцински прашања во Скопје (ЕЦМП) повикува на воведување на алтернативно билингвално образование во Македонија. За промовирање на подобро разбирање помеѓу етничките заедници, вели групата, училиштата треба да воведат заеднички активности надвор од наставните програми со изучување на два или повеќе јазици.

Извештајот, објавен во декември, препорачува училиштата да бараат од учениците кои учат на македонски јазик да изучуваат барем уште еден јазик на етничките заедници во Македонија. Во регионите со втор официјален јазик изучувањето на вториот јазик треба да биде задолжително, вели групата.

Поврзани написи

Loading

Според Мајкл Шчпорлук, политички советник во ЕЦМП, експертите во тимот не само што предложиле изучување на албанскиот јазик, туку и на сите јазици на етничките заедници во средините каде што е во употреба втор официјален јазик. „Една од препораките е, исто така, повисок квалитет на изучувањето на македонскиот јазик од страна на учениците од другите етничките заедници“, рече Шчпорлук.

Препораките се испратени до македонското Министерство за образование, Бирото за развој на образованието и Администрацијата за развој на јазиците на заедниците, како и до Парламентот. Соња Липиткова, претседател на парламентарната Комисија за образование, потврди дека комисијата дискутира за овој извештај. Ниту еден од членовите на комисијата кои присуствувале на состанокот не изразил негативно мислење за препораките, рече таа.

„ЕЦМП работи на подобрување на статусот на малцинствата“, рече Константин Петковски, заменик-директорот на Бирото за развој на образованието и член на работната група. „Со овие сугестии членовите на ЕЦМП сакаат да го подобрат мултикултурализмот и да ги отфрлат стереотипите во образованието.“

Групата, исто така, препорача студентите да учат за културата и традициите на другите етнички заедници и учебниците да претставуваат одраз на мултикултурната средина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар