Во Романија стапи на сила законот за ограничување на меѓународните посвојувања

04/01/2005

Законот во Романија со кој се ограничуваат меѓународните посвојувања стапи на сила на 1-ви јануари. Семејствата од САД се надеваат дека новите власти во земјата ќе ги разгледаат веќе започнатите случаи на посвојување кои беа замрзнати со мораториумот поттикнат од ЕУ, што беше воведен во 2001 година.

(Прес ривју - 03/01/05; AП, Бостон глоб, Скотсмен, Ничии деца - 01/01/05; Прес ривју - 31/12/04; AФП - 18/10/04; Заеднички совет на меѓународните детски служби)

photo

Меѓународните посвојувања на романските сирачиња може да бидат спроведени само ако не успеат другите канали, според новиот закон. [AФП]

Ставајќи крај на мораториумот кој траеше повеќе од три години, новиот закон што стапи на сила во Романија предвидува продолжување на меѓународните посвојувања. Мошне рестриктивниот закон кој има за цел да ги елиминира забележаните злоупотреби на детската социјална помош предизвика негодување помеѓу семејствата во САД кои се обидуваат да посвојат романски деца. Некои изразија надеж дека нивните случаи, кои беа блокирани со мораториумот воведен под притисок на ЕУ во 2001 година, ќе бидат повторно разгледани по политичките промени во оваа балканска земја.

Со законот, кој беше усвоен од страна на романскиот Парламент минатиот јуни, но стапи на сила во саботата (1-ви јануари), се предвидува отворање на нова Канцеларија за посвојувања, како единствена институција на која ќе й биде дозволено да ги координира процедурите на усвојување во земјата.

Законот ги ограничува меѓународните посвојувања на биолошките баби и дедовци. Поставувајќи ги домашните посвојувања како приоритет, тој им дозволува на странците да посвојуваат романски деца само ако чекорите за нивно згрижување од страна на локалните семејства не бидат успешни. Меѓународните посвојувања на деца под двегодишна возраст се, исто така, забранети.

Покрај тоа, законот забранува фондациите да делуваат како посрединици во процесот на посвојување, но дозволува учество на овластени странски здруженија. Евентуалната улога на некои невладини организации во процесот е ограничена на давање заштитни услуги при сместувањето на децата во семејства и родителска помош, или на активности кои имаат за цел нивна реинтеграција со семејствата.

Законот предизвика негодувања помеѓу американските семејства чии случаи на посвојување беа во тек кога Романија ги забрани меѓународните посвојувања во 2001 година, следејќи го извештајот со остри критики на бароницата Ема Николсон, известувачот на Европскиот парламент за Романија, како и барањата што потоа уследија од страна на официјалните претставници на ЕУ.

Осудувајќи ја, како што ја нарече, „профитабилната трговија со деца“, Николсон ги критикуваше властите за „постојано напуштање на децата, злоупотреба на деца и запоставување“ и дури ги обвини властите дека продаваат бебиња. Опишувајќи го системот на детска заштита во земјата како корумпиран „од врвот до дното на хиерархијата“, таа предупреди дека ако истиот не биде променет, би можел да им наштети на шансите на Романија за пристап во ЕУ.

Во име на американските семејства, чии апликации за посвојување на 250 романски деца беа замрзнати со стапувањето на сила на забраната, американскиот претседател Џорџ В. Буш го покрена ова прашање при состаноците со романските водачи кои го посетија Вашингтон во јули, неколку недели по усвојувањето на новиот закон.

Поврзани написи

Loading

Една меѓународна фондација за помош на децата, во меѓувреме, се спротивстави на овој закон, велејќи дека тој нема да им дозволи на семејствата да се обединат. „Сурово е и неправедно спрема илјадници деца и родители во целиот свет, на кои им беа доделени децата пред сегашниот мораториум“, објави фондацијата „Ничии деца“.

За време на посетата на Букурешт во октомври францускиот премиер Жан-Пјер Рафарен говореше за основање на комисија која ќе ги провери меѓународните посвојувања на романските деца. Се вели дека помеѓу стотиците странски семејства кои чекаат нивните апликации за посвојување да поминат, има и околу 50 француски парови.

Вршејќи притисок за наоѓање решение, уште едно тело, Заедничкиот совет на меѓународните детски служби, се состана со високи американски официјални претставници во средината на декември, при што, исто така, повика на формирање на комисија, која би ја сочинувале „објективни советници кои ќе понудат техничка помош за тоа како случаите да бидат разгледани на еднаков, транспарентен и етички начин“.

Голем број западни семејства, кои беа засегнати од мораториумот на меѓународните посвојувања, сега се надеваат дека новите романски власти -- и особено претседателот Трајан Басеску -- ќе преземат чекори за процесирање на случаите кои се започнати и подобрување на нивниот целокупен процес на посвојување.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар