Новата романска Влада го намали персоналниот данок и данокот на добивка

30/12/2004

Во обид да го намали обемот на сивата економија и да ги охрабри директните странски инвестиции, новата романска Влада одобри мерка за намалување на персоналниот данок и данокот на добивка.

(ФТ, Интернешнал хералд трибјун, Зиарул финансиар - 30/12/04; Ројтерс, ВОА, АФП, РФЕ/РЛ, Ромпрес, Медиафакс, Прес ривју - 29/12/04)

photo

Премиерот Калин Попеску Таричеану (лево), на фотографијата со претседателот Трајан Басеску, вети дека ќе се бори против корупцијата и сиромаштијата во Романија. [AФП]

Новата романска влада во средата (29-ти декември) издаде итен декрет со кој се намалува персоналниот данок и данокот на корпоративен профит на рамномерна стапка од 16 отсто. Овој потег, кој беше одобрен неколку часа откако кабинетот на премиерот Калин Попеску Таричеану даде свечена заклетва, стапува на сила од 1-ви јануари. Тој има за цел да ги охрабри директните странски инвестиции и отворањето на работни места, како и да ја намали значителната сива економија.

Новата мерка ја заменува моментната прогресивна даночна шема, според која персоналниот данок се движи помеѓу 18 и 40 отсто. За бизнисите тоа значи намалување од 9 отсто на сегашниот 25-процентен данок на профит.

„Оваа одлука е мошне значајна за развојот на романската економија“, рече Таричеану по првиот состанок на Владата во средата, додавајќи дека тоа ќе помогне Романија да стане поконкурентна на својот пат кон членството во ЕУ на почетокот од 2007 година. „Ние ќе го информираме ММФ за нашата одлука и јас очекувам дека Фондот ќе ги поддржи нашите потези за стимулирање на романската економија“, додаде премиерот.

Некои експерти, сепак, изразија загриженост за евентуалните ризици за економијата, што би произлегле од драстичното намалување на даноците, особено во врска со напорите за намалување на инфлацијата од помалку од 10 отсто оваа година на 7 отсто во 2005 година.

Критичарите тврдат дека овој потег би можел да го зголеми буџетскиот дефицит за следната година -- кој, според договорот на земјата со ММФ, не треба да надмине 1,5 отсто од БДП.

Претходно оваа недела, новиот министер за финансии, Јонут Попеску, издаде соопштение во кое се вели дека ќе бидат воведени дополнителни мерки за да се осигури дека земјата ги почитува договорите со Фондот. Тие, според Ројтерс, вклучуваат зголемување на средствата од ДДВ, повисоки приходи од продажбата на државниот имот преку берзата, како и одложување на планираното намалување на придонесите за социјалното осигурување. Покрај тоа, данокот на промет што го плаќаат малите и средните претпријатија, најверојатно, ќе биде зголемен на 3 отсто од сегашните 1,5 отсто.

Поврзани написи

Loading

Според одлуката на Владата од средата, Таричеану, исто така, ветил дека ќе преземе мерки против затајувањето на даноците и за воведување на построга финансиска дисциплина како дел од напорите за надоместување на привремениот дефицит во буџетскиот приход.

Таричеану го води кабинетот од 24 члена во кој влегуваат и претставници на сојузот на Национал-либералната партија и Демократската партија, предводен до неодамна од страна на претседателот Трајан Басеску. Две помали партии, Унгарската демократска федерација на Романија и Хуманистичката партија, исто така, влегуваат во владината коалиција, која има вкупно 242 пратеници во Парламентот од 469 пратенички места.

По заклетвата на неговата Влада во средата изутрина Таричеану вети дека ќе се бори против корупцијата и сиромаштијата. Околу една третина од населението живее под границата на сиромаштија. Во својот говор по прифаќањето на мандатот тој, исто така, вети дека „ќе гради независно судство и ќе ги зајакне индивидуалните слободи“.

„Следи тежок период, но јас сум решен да донесам просперитет во Романија“, рече Таричеану по церемонијата во Парламентот. „Сакам да видам вистинска пазарна економија која му служи на романскиот народ, а не олигархија.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар