Дејтонскиот мировен договор й го отвори патот на БиХ

14/12/2004

Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши најжестокиот вооружен конфликт во Европа по Втората светска војна, ќе влезе во својата 10-та година. Одбележувајќи ја годишнината од потпишувањето, високиот претставник Педи Ешдаун рече дека договорот ги обезбеди основите за решавање на политичките и социјалните предизвици.

Од Светла Димитрова за Southeast European Times во Софија - 14/12/04

photo

Договорот беше потпишан на формалната церемонија на 14-ти декември 1995 година во Париз. [Архива]

Дејтонскиот мировен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот 1992-1995 година во Босна и Херцеговина (БиХ) влезе во својата десетта годишнина. Потпишан на формалната церемонија во Елисејската палата во Париз на 14-ти декември 1995 година - две недели по потпишувањето на договорот од страна на тогашните претседатели на БиХ, Хрватска и Југославија во Воздухопловната база Рајт-Петерсон во Дејтон, Охајо - договорот ја утврдува сувереноста на БиХ, во чиј состав се наоѓаат два ентитети: Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска (РС).

Како рамковен договор Дејтонскиот не обезбеди одговор на сите прашања, рече високиот претставник Педи Ешдаун по 9-годишнината од прелиминарното потпишување. „Тој ги обезбеди основите на кои луѓето во БиХ можат да најдат трајни решенија за политичките и социјалните предизвици со кои се соочуваат“, рече тој.

„Дејтон, и покрај сите свои недостатоци, стави крај на војната“, се вели во отвореното писмо што тој го упати до народот на БиХ за прославата на Денот на државноста на 26-ти ноември. „Тоа претставува неговото трајно достигнување.“

Во текот на трииполгодишното крвопролевање, кое му претходеше на Дејтонскиот договор, загинаа околу 200.000 луѓе и уште два милиони беа раселени во најголемиот вооружен конфликт во Европа по Втората светска војна.

Оттогаш во земјата се одржа серија меѓународно набљудувани избори, кои доведоа до зголемен демократски плурализам и воспоствавување на демократски институции на власт на сите нивоа. До септември 2004 година повеќе од еден милион луѓе иселени од конфликтот се вратија во своите домови. Земјата доби донаторска поддршка во висина од неколку милијарди евра за реконструкцијата.

„До 2000 година повеќето згради, училишта, системи за водоснабдување, патишта, телекомуникации и мрежи за електродистрибуција беа реконструирани до стандардите пред војната“, се вели во извештајот на Светската банка од август.

Во своето отворено писмо Ешдаун спомена неколку постигнувања оваа година, меѓу кои и воспоставувањето на Високиот судски и обвинителски совет, кој ќе й овозможи на земјата да започне со судење на своите случаи на воени злосторства. Тој, исто така, се осврна и на Мостар, истакнувајќи дека процесот на обединување на хрватската и муслиманската заедница „оди решително напред“.

Поврзани написи

Loading

„Отворањето на мостарскиот мост во јули го симболизира извонредниот напредок постигнат во спојувањето на заедниците кои неодамна беа раздвоени од војната“, рече Ешдаун.

Највисоките долгорочни цели на БиХ ја вклучуваат и интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Овие аспирации, сепак, зависат од исполнувањето на клучните предуслови, меѓу кои и целосната соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства - основен услов на Дејтонскиот договор.

Како резултат на неапсењето од страна на властите на РС и непредавањето на ниту еден обвинет, Алијансата двапати оваа година ја отфрли апликацијата на БиХ за прием во програмата Партнерство за мир.

„Институциите на БиХ и поединците, и особено оние во РС не можат да продолжат со блокирање на патот на БиХ во ЕУ и во НАТО“, рече Ешдаун. „Босна и Херцеговина не смее да ја пропушти шансата за посветла иднина. Народот го заслужува тоа. Тоа може да се достигне.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
inline-vote
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's