Албанија настојува да го развие туризмот

26/10/2004

Претставниците на албанска туристичка индустрија, која доживува процвет, одржаа специјален настан кој имаше за цел да го покаже потенцијалот на земјата како туристичка дестинација. Многумина веруваат дека туризмот, откако ќе се развие, би можел да стане важен дел од економијата.

Од Арди Пулај за Southeast European Times во Тирана -- 26/10/04

photo

Албанија им нуди на туристите богатство на атракции, вклучувајќи културни и историски локалитети. [Архива]

Албанија минатиот месец го одбележа Светскиот ден на туризмот со специјалниот настан кој имаше за цел да го покаже потенцијалот на земјата како туристичка дестинација. Вкупно 250 посетители од Албанија и од странство присуствуваа на албанската Туристичка ноќ во хотелот Рогнер во Тирана.

Настанот беше организиран од страна на членовите на албанската Туристичка група -- со поддршка на албанското претпријатие за развој, финансирано од УСАИД и Проектот за услуги на извозниот пазар -- додека домаќини беа туристички агенции, тур оператори и хотели.

Посетителите кои присуствуваа на Туристичката ноќ добија информации за најразлични опции за одмор, вклучувајќи и пакет аранжмани и индивидуални патувања, експедиции до градови, истористи и културни места, надворешни активности како што се: пешачење, веслање кајак, возење велосипед, скијање, риболов и лов, или едноставни релаксации во удобна бања или хотел.

Со цел да го обликуваат меѓународниот имиџ на Албанија, организаторите поканија и група надворешни новинари.

Поврзани написи

Loading

Помеѓу активностите беа и разговорите на тркалезна маса за туризмот и државната администрација. Говорејќи на настанот, албанскиот министер за туризам, Башким Фино, рече дека бројот на посетителите во Албанија се зголеми за 15 отсто во текот на 2004 година.

„Бројот на туристите кои ова лето влегоа во Албанија беше 355.000. Тоа значи 43.000 туристи повеќе во споредба со минатата година. Туристите се, главно, од Косово и европските земји“, рече Фино.

Туризмот во Албанија е сé уште во својот зародиш. Со децении земјата беше управувана од комунистичкиот режим кој не дозволуваше формирање на оваа индустрија. Сепак, земјата нуди богатство на атракции, вклучувајќи медитерански плажи, планини, природни споменици и далечни, недопрени предели. Рушевините и археолошките богатства ја одразуваат богатата историја, која датира уште од Илиридите.

Многумина сметаат дека оваа индустрија би можела да стане еден од главните извори на приход за Албанија, откако ќе биде целосно развиена. Како дел од тој напор на Универзитетот во Тирана е воспоставена програма за стажирање, на која досега се запишаа 18 студенти. Покрај тоа, во тек е кампањата за дигитална разгледница, насловена како „Поздрав од Албанија“, со поддршка на американските волонтери на „Пис корпс“. Министерството за туризам, пак, помогна во организирањето на изложбата на фотографии, на кои се прикажани места од целата земја.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар