08/10/2004
Терористите на КОНГРА-ГЕЛ во јуни му ставија крај на прекинот на огнот и ги продолжија нападите врз турските вооружени сили на југоисток. Во време на глобална загриженост за безбедноста и домашни реформи, сепак, оваа група е сé повеќе изолирана и збунета.
Од Вахит Бора за Southeast European Times во Истанбул - 08/10/04
![]() Турскиот министер за надворешни работи, Абдула Ѓул, оствари разговори со својот американски колега Колин Пауел во Генералното собрание на ОН. [AФП] |
На 59-тото Генерално собрание на ОН претходно овој месец, турскиот министер за надворешни работи, Абдула Ѓул, говореше за голем број прашања со својот американски колега Колин Пауел - вклучувајќи го и Курдистанскиот конгрес на слобода и демократија или КОНГРА-ГЕЛ. За време на разговорите Ѓул побара од Пауел понатамошна американска помош во справувањето со оваа терористичка група, која во јуни му стави крај на прекинот на огнот и продолжи со нападите врз турските вооружени сили на југоисток од земјата, каде што претежно живее курдско население. Судирите во јули и во август повторно ги отворија лутите рани од изминативе 20 години.
Абдула Очалан ја формираше Курдистанската работничка партија (ПКК) како курдистанско сепаратистичко движење во 1978 година. Заробен во 1999 година во Кенија и донесен во Турција, тој беше обвинет за убиство на илјадници луѓе по започнувањето на кампањата на насилство на ПКК во 1984 година. Врховниот суд во јуни 1999 година ја одобри смртната казна на Очалан, но по укинувањето на смртната казна, неговата пресуда беше променета во доживотна робија. Тој веќе пет години е затворен на островот Имрали.
Во октомври 1997 година САД ја идентификуваа ПКК како една од 30-те главни терористички организации во светот. По фаќањето на Очалан групата влезе во период на безредие и се обиде да се врати на политичката сцена, променувајќи го, најпрво, своето име во Курдистански конгрес на слободата и демократијата и потоа, минатата година - во КОНГРА-ГЕЛ. Двете наследнички групи беа веднаш ставени на американската терористичка листа. ЕУ ги стави на својата листа на терористички групи во март.
Покрај судирите со турската војска, КОНГРА-ГЕЛ спроведе и атентати врз добропознати личности и напади врз дипломатски, конзуларни, комерцијални и туристички мисии во странство. Според официјалните бројки, убиени се 5.300 лица за обезбедување, а 10.600 се повредени во нападите помеѓу 1984 и 1999 година. Бројот на цивилните жртви е 4.600 убиени и 5.500 ранети.
Веќе со години Сирија е главната земја што ја поддржува ПКК. Сепак, по потпишувањето на Аданскиот меморандум на 20-ти октомври 1998 година, сириската врска беше прекината.
Групата е активна во другите соседни држави, меѓу кои и Ирак и Иран, како и во Европа. Нејзината главна база во Европа е Германија, со претежно турско и курдско население. Сепак, Романија, Холандија, Бугарија, Италија, Русија, Велика Британија, Франција, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Шпанија се земјите во кои некогаш биле лоцирани информативни канцеларии на ПКК или други слични здруженија.
Приходите од активностите на организираниот криминал - претежно трговија со дрога и оружје - го сочинуваат најголемиот дел од парите на ПКК. Според британските разузнавачки служби, ПКК е одговорна за 40 отсто од продажбата на хероин во ЕУ.
Сепак, зголемувањето на глобалните безбедносни грижи и промените на политиката ја маргинализираа групата. Судските реформи, особено во областа на човековите права, помогнаа во смалувањето на тензиите. Турската државна телевизија започна со емитување на програма на курдски јазик - нешто што беше буквално несфатливо пред пет години.
Курдските активисти повикуваат на мир и го осудуваат неодамнешното крвопролевање. Во меѓувреме, КОНГРА-ГЕЛ е поделена во врска со својата иднина и сé повеќе е изолирана од курското население за кое тврди дека се бори.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's