OН, ЕУ и САД го поздравија повикот на Тадиќ до косовските Срби

07/10/2004

Повикот на српскиот претседател Борис Тадиќ за учество на косовските Срби на парламентарните избори на 23-ти октомври беше пречекан со недвосмислена поддршка од официјалните претставници на ОН, ЕУ и САД.

(АФП, Ројтерс, АП, Скотсмен, ББС, ОН, ЕУ, Вашингтон фајл - 06/10/04)

photo

Француски војници скокаат од падобран во селото Становце, Косово, северно од Приштина, во средата (6-ти октомври). [Лаура Хасани]

Официјалните претставници на ОН, ЕУ и САД во средата (6-ти октомври) го поздравија повикот на српскиот претседател Борис Тадиќ до косовските Срби за учество на парламентарните избори во провинцијата на 23-ти октомври.

„Ги повикувам Србите од Косово да земат учество на овие избори“, рече Тадиќ на државната телевизија РТС доцна во вторникот, посочувајќи, исто така, и краен рок за воспоставување на меѓународно признаена домашна власт во енклавите на косовските Срби. Ако ова не се случи во следните 90 дена од формирањето на привремената влада на провинцијата, Тадиќ рече дека лично ќе побара од пратениците на косовските Срби тие да се повлечат од парламентот.

Тадиќ, кој сака српските локални власти да ја контролираат полицијата, судството, здравствениот и образовниот систем во енклавите, истакна дека учеството во демократскиот процес преставува единствен начин за постигнување на таа цел.

Поздравувајќи го повикот на претседателот, шефот на УНМИК, Сорен Јесен-Петерсен, во средата рече дека учеството на косовските Срби на претстојните избори ќе „го отвори патот за нивната застапеност во локалните институции и ќе овозможи конструктивен дијалог за решавање на нивните грижи“.

Поврзани написи

Loading

„Нема замена за директното учество во демократските институции кои носат одлуки што влијаат врз животите на сите луѓе во Косово“, рече тој.

Официјалните претставници на ЕУ и на САД му се приклучија на Јесен-Петерсен во поздравувањето на повикот на Тадиќ за учество на косовските Срби на изборите. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, ги пофали српските водачи за „мошне храбрата одлука“, додека заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Адам Ерели, рече дека целосното учество на Србите на изборите претставува најдобар начин да се осигури дека нивните грижи ќе се решаваат и нивниот глас ќе се слуша.

Сепак, повикот на Тадиќ беше жестоко критикуван од страна на Владата на српскиот премиер Воислав Коштуница, кој од косовските Срби побара тие да ги бојкотираат изборите. Членовите на Социјалистичката партија на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ и ултранационалистичката Српска радикална партија (СРС), исто така, го нападнаа Тадиќ. Тврдејќи дека излегол од рамките на своите надлежности, СРС во средата покрена иницијатива во Парламентот за негова интерпелација.

Во меѓувреме, околу 360 француски војници во средата во Косово скокаа со падобран, како дел од „Операција решителна посветеност 2004“ за засилување на КФОР пред изборите. Вкупно 2.000 дополнителни војници ќе бидат распоредени во Косово до 6-ти ноември. Германија и Италија, исто така, ќе придонесат со свои војници, кои се очекува да пристигнат во текот на следната недела.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар