Според еден извештај Македонија е на третото место во светот според присуството на токсичен отпад

29/09/2004

Според новиот извешта на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (УНФАО), Македонија е на третото место во светот според количината на токсичен отпад. Последиците по животната средина би можеле да се катастрофални, предупредуваат експертите.

Од Марија Лазарова за Southeast European Times во Скопје - 29/09/04

photo

Според извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, Македонија се наоѓа на третото место во однос на присуството на токсичен отпад. [УНФАО]

Во неодамна објавениот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (УНФАО) Македонија е ставена на третото место во светот во однос на присуството на токсичниот отпад, со 10.000 тони. Само Украина и Полска се пред неа, со 19.500 тони, односно 15.000 тони.

Поврзани написи

Loading

Според директорот на УНФАО, Марк Дејвис, проблемот е, главно, предизвикан од околностите во кои се чуваат хемикалиите. „Ова се многу стари и токсични материјали поради тоа што се чувани долго време и честопати се чувани во лоши услови и на отворено“, изјави Дејвис за дневниот весник Утрински весник. „Тие можеби веќе испуштаат отрови и ја загадуваат водата во реките и езерата, обработливото земјиште и воздухот.“

Всушност, рече Дејвис, проблемот можеби е многу полош отколку што покажуваат бројките на УНФАО. „Искуството покажува дека кога се прави детална студија за земјата, бројките се најмалку двојно повисоки.“ Токсичниот отпад е причина за голем број здравствени проблеми - вклучувајќи вродени мани, болести на белите дробови и рак - при што особено се ранливи децата. Според ОН, најтешко погодени се најчесто осиромашените рурални заедници, чии жители можеби не се свесни за отровните последици на хемикалиите врз нивната средина.

Македонското Министерство за животна средина, исто така, презентираше докази дека количините на токсичен отпад се повисоки од наведените во извештајот. Студијата која ја подготви ова министерство покажа дека во 1999 година вкупното количество на токсичен отпад во земјата била поголема од 45.000 тони. Од тоа, отпадот од домаќинствата сочинува 4.800 тони, од претпријатијата 3.000 тони и медицинскиот отпад сочинува 1.000 тони. Градежниот отпад во студијата се пресметува на 6.000 тони, индустрискиот на 30.000 тони, а земјоделскиот отпад на 200 тони.

Направена е физибилити студија за намалување на загадувањето на животната средина во Македонија. Според пресметките на ОН, расчистувањето на еден тон токсични пестициди чини 3.500 американски долари, додека вкупната вредност на расчистувањето на отпадот во Македонија ќе биде околу 35 милиони американски долари.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар