Караџиќ ќе добие адвокат назначен од судот

05/11/2009

ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во четвртокот (5-ти ноември) одлучи да назначи адвокат кој ќе го застапува Радован Караџиќ ако тој одбие да се појави пред судот. Воениот водач на босанските Срби е обвинет за геноцид и воени злосторства, но го бојкотираше почетокот на своето судење минатата година и досега одбива да се изјасни. Рочиштата се сега одложени до 1-ви март 2010 година.

Караџиќ, кој моментно самиот се застапува, ќе „се откаже од своето право на самозастапување“ ако продолжи да ги попречува рочиштата кога тие ќе продолжат, напиша во одлуката судијата кој претседава со процесот, О-Гон Квон. Другиот главен обвинет за воени злосторства кој самиот се застапуваше, поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, почина од срцев удар во притворот на Трибуналот, за време на судскиот процес кој се одолговлече со години. (AП, АФП, ББС, Танјуг)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Македонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТОМакедонија се надева дека ќе го привлече вниманието на НАТО

Претставници на НАТО ќе се сретнат во Чикаго овој месец.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали мислите дека Македонија ќе добие покана за членство во НАТО на самитот на организацијата во Чикаго во мај?

Да, Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО
Не, Грција сé уште стои на патот
Можеби
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар