Турскиот суд одлучи да започне судска постапка против владејачката АКП

31/03/2008

Единаесет судии на Уставниот суд во понеделникот едногласно донесоа одлука за започнување судска постапка во случајот што го покрена турскиот главен обвинител.

Од Ајхан Шимшек за Southeast European Times -- 31/03/08

photo

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган би можел да добие забрана за учество во политиката ако судската парница успее. [Getty Images]

Турскиот Уставен суд во понеделникот (31-ви март) одлучи да покрене судска постапка против владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) врз основа на обвинувањата за поткопување на секуларниот систем на земјата. Во едногласното гласање 11-те судии се согласија да започнат судска постапка за случајот што го покрена турскиот главен обвинител, Абдурахман Јалцинкаја.

„Уставниот суд смета дека обвинението на главниот обвинител е прифатливо. Но, тоа не значи дека највисокиот суд се согласува со тврдењата наведени во тоа обвинение“, изјави новинарот Таха Акјол за СНН Турк. „Сега истиот ќе одржи рочиште за петицијата.“

Јалцинкаја ја поднесе тужбата на 14-ти март, барајќи забрана на партијата. Тој ја обвини АКП дека стана „средишна точка“ за антисекуларни активности, и тврди дека истата има „скриена агенда“ за трансформирање на Турција во исламска држава.

Тој, исто така, побара сите 71 официјални претставници, вклучително и премиерот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул, да добијат забрана за учество во политиката во рок од пет години. Судот беше поделен околу тоа дали да му суди и на Ѓул, при што четворица судии се спротивставија, а другите беа за. Според уставот, претседателот може да биде суден само за предавство.

Генералниот секретар на Партијата на националистичко движење (МХП), Чихан Пачаци, беше првиот кој даде коментар за одлуката. „Отсега натаму ќе започне правен процес. Сите треба да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд.“

АКП се опишува себеси како конзервативна демократска партија. Истата освои солидна победа на минатогодишните избори, добивајќи 47 отсто од гласовите. Минатиот месец, шокирајќи ги секуларистите, партијата успеа да ја укине забраната за носење исламски шамии на универзитетите.

Овој потег, според Јалцинкаја, е доказ оти партијата се обидува да ја преобликува Турција по религиозни линии. Во своето обвинение на 162 страници, обвинителот, исто така, наведува различни изјави на Ердоган поврзани со исламот и исламското право.

Судењето се очекува да трае шест месеци. Како прв чекор, Уставниот суд ќе го достави обвинението до АКП, која има рок од еден месец да подготви одбранбена изјава. Потоа Јалцинкаја ќе издаде техничко мислење за случајот.

Поврзани написи

Loading

Подоцна АКП официјално ќе сведочи во своја сопствена одбрана. Откако ќе заврши процесот, известувачите на Уставниот суд ќе подготват технички извештај.

Кога ќе биде готов извештајот, 11-те членови на Уставниот суд ќе го разгледаат. Тие потоа ќе се состанат за да донесат одлука за случајот. Потребни се гласовите на најмалку седум судии за да се затвори АКП.

Осум од 11-те судии беа наименувани од поранешниот претседател Ахмет Неџдет Сезер, лојален секуларист кој честопати се судираше со АКП.

Во меѓувреме, владејачката партија планира да воведе серија уставни амандмани со цел да стане потешко затворањето на партиите. Сепак, бидејќи опозициските партии се колебаат да ги поддржат предложените промени, можно е тие да бидат ставени на референдум.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар